За дома босо. Ама за надвор треба кондурчиња кој се меки и флексибилни приближно како босо да е ( значи да може стапалцето да си се превиткува при газење за да не дојде до искривување т.е. понатака да не гази навнатре или нанадвор, да нема рамно стапало ) сепак босо надвор неможе, а кога проодуваат ете го мојов нејќе баш во количка сака да иде. И ортопедот ни напомена никако патичиња/кондурчиња со тврд ѓон.
мора да најдам ќе си пукнам инаку зашто многу сакам за роденден да е како што сум замислила за да си одговараме . Немаше ни во H&M ни C&A мм викендов беше бараше. Чудно во Ск да се нема црвени патичиња за машко .
Не не, не е битно кој бренд е па и Геокс па и било кој да се само да се црвени за дента па макар и веќе никад да не ги облече. Ќе има тексас кошула, фармерки, бела мајчка, црвен каиш, црвени цвикери, може и црвено капче ( оние памучните како од Вајкики и зато барам и црвени патики. И јас ќе сум слично облечена
@sofi2107 на онлајн страната на на спортвижн има црвени патичиња. Не знам дали ги има по продавниците ама можеш да замолиш и во магацините да проверат. Разгледај.
Каде да најдам интересна подлога за играње (коцки) и проодувалка (барем мислам така дека се вика) да се држи за неа да се исправа?
Таман ќе се редактирав пак Мојов носи женски црвени најк. Не се познава дека се женски. Ѕиркај во женскиот дел е муабетов Само нашите не се купени оваа сезона...
Пред малку гледав Убави подлоги имаш во Пики Струмица праќаат и по карго не се скапи околу 400 ден. Гледав имаат и проодувалки за 1000 ден, а имаш Чико проодувалки во Енци менци тие се 3 000 ден.
Јас купив во Кисела Вода во една продавница. Но би требало да има во Ваикики мислам. Зависи каква маска. За толку мало бебе нема да биде маска како маска туку некое капче. Во Џамбо инаку.
Какво елече? Како блузичка на копчиња, но без ракави (за мене е елече) . Такво видов во Тритекс, имаше различни бројчиња.
Низ маалскиве продавници секогаш има, дури и со дезени интересни. Јас од Бисер еднаш земав со темно сино со колички, оди во Бисер прошетај си може веќе ги продаваат, дека ке почне да стоплува Па ако не најдеш ете ти го Капитол, види и таму низ детските продавници. Јас и од Зара ептен убаво имам купено, но се тоа минатата година... Има во Зара, сега видов на страната.. https://m.zara.com/mk/en/basic-padded-vest-p05992501.html?v1=5323043&v2=358116
Фала ти сега ќе видам на нивната страна ако имаат стаено слики, ако не директно во дуќан ќе идам. Фала ти.