Многу слична ваква имавме од локо кроко ист принцип други фигури. https://www.lococroco.com/вртелешка-за-креветче-all-in-one-kikka-boo Синко кај мене се изнаигра со вртелешката.Незнам колкави ти се бебуши ама можеш да врзеш врвчиња на играчињата што висат и журка следува.Ќе ги фати врвчињата па тоа пафтање мафтање лупање смеење мераци,пробај малку ќе ти бучи главата може ама смеата нивна е лек
Јас месец дена пред да се затвори Mothercare купив. Еве веќе 20 месеци е моево, уште ја користиме и многу ја сака.
Ова е со корито, ми треба само држач. Да само држач е 2500. За две ногарки некако скапо ми изгледа. Баш ќе проверам. Колку го зема памтиш?
Јас имав од бејби центар, нешто на попуст беше тогаш 1900, може се поскапени, ама мислам дека вреди за сите пари. 15м е уште го користам во када ми вришти не можам да ја ставам.
Ти благодарам. Јас и со првото не користев корито долго. Дали 6-7 месеци. После користев од тие столчињата што се наменети за бањање, што се ставаат дирек во туш кабина и си ја бањав со туш. И сега планирам така. Тоа носење вода па враќање ми е напорно. А во тоалет не не собира со корито и мене и мм, а сега веќе и првово ќе сака да набљудува ако не на маса ќе го ставаме коритово некој месец, или на столчиња
Кои се тие столчиња за во туш кабина? Дај помагајте, мене кичма ми остана со коритово. Малава ми е за машала Инаку ние не се пронајдовме со држачот за корито (мајкава троа пониска е ) Ама со 2 столчиња споени и коритото врз нив сме таман
Еве го. 2 во 1 е уствари, и за бањање и за ручкање. Ептен е практично, има гуми доле и не лизга. Ама и ова се става доле во када или туш кабина и треба да се наведнеш или седнеш на столче. Мене ми беше спас. Иначе на тоа црвеното копче притискаш и се отвара "оградата"од двете страни напред. Моето е постар модел, овие се сега понови, го видов во џамбо го имаше а сигурно го има и во други подобро снабдени продавници за бебешка опрема. Околу 1200 денари беше ако не се лажам. Ќе терам и јас со столчиња до 6 месеци, 2500 за ногарќи не давам. Инат ме фати