Коку се топлинките на цицибан во пеко? Ги имам добиено на поклон а не знам од прилика колку се, а сега сакам јас д купам поклон на други....ај просветлете ме...
Јас за поклон неколку пати имам порачувано од тука. Ама само лажичка, вилушка и рамка за слики. https://www.facebook.com/Humpty-Dumpty-160263341093083/
Да не си грешка Мислам дека уназад 2-3 год се 1290 ден,независно топлинки за зима или од летните.Кога има попуст 1.000 и нешто ситно се. А,можеби јас грешам.
Пред една недела во гтц во пеко гледав кондурчиња ...не топлинки...ме замисли сега, ама се мислам така видов :/
Каде да најдам убави малечки чевлички, балетанчиња за бебе? Имам 0-6, но тие и се големи... на 2 месеци и ги пробав, сега пак и висат, скоро 5м е значи ми треба баш мали мали... и каде да најдам убави стегачи, машни, венчиња за на глава? Немам време за порачување од Али, инаку би си порачала од таму
Траки види овде може ќе најдеш нешто што одговара.. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1556434344463837&id=898622836911661 А за чевлички не знам, но Окаиди тие што се 0-6м зарем многу и се големи А Мадеркеар си проверила, таму има 0-3м
Да видиш по локални дуќанчиња за детска гардероба. Има тука во бисер еден дуќан што држат такви, ако те носи пат можеш да видиш таму (во внатрешноста, одма дијагонално има виола). Таман и манела има мислам дека и таму гледав. Едит: таман и hello baby што ти постирала емка е тука.
@Ano баш ке проверам.. но ке мора со неа да одам, мада земав од таа во внатрешноста на Бисер за новогодишна фотосесија и огромни и беа тогаш, исто како овие што ги имам 0-6, иста големина беа, а еве и сега и се големи. И отидов ги вратив тие, купив нешто друго. Ај се надевам ке стопли и со неа заедно во Бисер ке одиме. Фала @emkaemka ке ја разгледам сега. Ке проверам и во Mothercare за балетанчиња..
Вие сте џивџани како нас. Исто и синко. Имаме од се можно, најк, адидас, мадркеар, чико, х&м. Само тие од чико му се пасент, а тие од х&м се први што можам да кажам му омалеле. Се друго му е големко
Сонциња, а мојава па не се роди со ептен мали ноџиња, ама еве овие 5 месеци не и пораснаа многу Мислев дека овие балетанки 0-6 дека ке и бидат веќе точни, зашто пред 3м и висеа.. големи и во должина и во ширина, многу и тенко ноџе има и облакам пред некој ден, исто и висат
Црно и тегет не видов, а другиве и да имало не би видела - не ги сакам и не ги приметувам Во план сум да одам до с.мол денес, па ќе ѕирнсм во OVS
Такво и е фустанчето за роденденот на синко, тие боички... и бела уствари Ај ако не ти е тешко запази што боички има