Уште не сака фустани... Рееееетко да и облечам (по моја желба), со молење Некогаш е тоа со плачење, драми, маж ми ме кара итн Овие за другарка една на свадба се, па сакало девојчето 8г да носи вакво нешто
Toplinki.mk преубави се. Милами мислМ беше фирмата убаво мириса гумата удобни најдобри до сега што имал
Јас во лето со крокси го праќам во градинка. Дома не носи ништо ни зиме. Кожени се, не се непријатен материјал ама за лето не знам дали ќе ги биде. Јас по отворениот модел и за зиме го зимам. А за квалитет се топ. Тоа не се мисли. Како Цицибан.
Сега има цицибан полуотворен модел оти е склетџика, како нови се. А какви крокси, од каде земаш? Оние гумените со ремче позади? Боса така, без чорапи?
Најобични. Од Мат Стар носел, од локални продавници , крокс.. За градинка со кратки чорапи. Низ двор бос.
Не знам дали е за во ова тема, модератор нека ме премести. Каде може да најдам ваква златна сталка за торта и по можност да праќаат по карго?
Сте нарачувале ли од oxymammy.mk? Им пишав два мејла не враќаат, платив, а немам никакво инфо кога ќе пристигне нарачката. Контакт број нема. Се си мислам дека се зезнав и џабе платив.
Имам порачувано и ми стигна брзо нарачката. Дури ме контактираа да им потврдам дали е стигната. Комуникацијата беше на инстаграм и Вибер.
Јас исто нарачав на вебсајтот ама не ми стигаше нарачката и им пишав на инстаграм и ми ја доставија уште истиот ден кога им пишав. Така да ти препорачувам да им пишеш на инстаграм одма враќаат