Во Локо Кроко има унуверзална навлака за транспортер од фротир и е со дупки за да се протнат и каишите и со врвки се врзува позади според големината на транспортерот. И ластици мислам дека има за да се оптегне и легне убаво. Околу 500-600 денари е една мислам. Подлоги разни најчесто меки се, а нели бебе на тврдо треба да лежи.
Мислев на вакво нешто. Бебче ми е 7+ има многу коса и секое возење во кола што е повеќе од 10 мин е жива вода во главчето кај што е потпрен/легнат.
Да ве прашам дали знаете каде се продава полнетица за перници, тоа белото (лио) не сум сигурна дали така се викаше
@0ли Ај те молам потсети ме каква игрална му имаше земено на поголемиот? Или само огради беа? Знам дека одамна пишуваше ама ич не ми текнува. Се зезна мислам со една не можевте да ја намонтирате. Или некоја друга членка ако има препорака, ми треба да го заградам просторот за да завршам нешто низ дома, а и за во двор ќе ми се најде. Нонстоп наоѓам нешто ситно фрлено од баткото, многу ми е страв што ќе стави во уста.
Ваква зедов од Андреј компани, две кутии и добив 16 дела, огромна игрална му направив со подлоги и со оградава и баш уживаше во неа со сите играчки и имаше место за движење. Од Пики имав прво со прачки и материјал што се спојува, но не успеавме да ја монтираме, нешто не беше во ред. За истата имаа тука пишано дека им успеало да ја средат. И за неа ќе треба долу да се стави нешто бидејќи практично така е на под, материјалот е претенок.
Колку огромна од прилика? Да знам просторот да го испланирам. Стабилно е ова за кога ќе почне да се исправа?
Па не знам, една кутија малку ми беше, јас си имав замислено да трча во неа Околу 50 cm е во ширина еден дел. Не се сеќавам колку спојував, мислам дека 14 искористив, не ми текнува. Стабилна е за превртување, само напред може да ја турка кога ќе е посилен. Ја имав ставено во ќош, така однадвор два ѕида ја држеа од две страни, кај третата страна имав хранилка за да не ја поместува оградава и на четвртата страна табуретка поголема. Е кога стана посилен, ништо не можеше да го запре да ја лизга напред-назад, ама не може да ја преврти. Најраат и најсигурна бев кога беше внатре.