Слично или исто каде да најдам, во мапет нема, бев во ваикики, синсеј, дефакто нема ништо ни слично. Некоја страна за онлине порачување да ми препорачате, прашав едни на инста за комплетчето од последната слика од косово ама ми рекоа 2-3 недели достава а скапо е, па ми е мисла да не не стигне до крај на месецов.
Ако имаш некој од Бугарија да ти донеси, има во интерспорт. https://www.intersport.bg/campaigns...nergetics-naduvaem-detski-poias-loops_727127/ Овие се за од 18м, внатре се со сунѓери плус и неповратен вентил, тешко се издувуваат и и да се дупни и истиши нема да се потопи детенцето ради сунѓерите (или шо и да е тоа внатре).
Тие од Џамбо имаат ли фб страна или инста да им пишам? Да, ке прашам и таму. Во Куманово има едни што печатат ама немаат бебешки големини, ми рекоа ако најдам еднобојни маички или бодиња дека можат да ми ги испечатат, да не знаете каде можам да купам бела и светло сина маичка или боди на кратки ракави за 1 годинка еднобојна без никаков принт?
Дали некоја знае каде можам да најдам ваков чистач за носе? Ова е од страната Сакам евтино, ама не ми се веродостојни некако.
Имам Носко, ама во кавга сме дома, не било безбедно. Се убив од шмукање, пошто правосмукалката ми е забранета, плуќата ме боли, ова некако му доаѓа на пола пат
Јас на мали коа му вадев секрет со носко,се погоди татко ми да е тука. Три ноќи не спиел од глетката. Мозокот сум му го ушмукала на детето.