Така изгледа, не негирам. Нема родител ми се чини шо прво на себе не го пробал. И јас пред него имав носе фрида, заушки ми се чини фаќавме со мм дури да извлечеме малку секрет. Таман си до целта, немаш сила за влечење и оп, бебе си трга назад. Кратка хорор приказна.
Оли дај Боже никогаш да не ти затреба. Првиот пат кога имавме ковид, таков густ и леплив а обилен секрет имаше, шо мислам дека само ноското го спасуваше да диши по малку. Исто и кога имаше стрептокока во носот со преобилен секрет. Кога беше помал врескаше, сега ако има мрсули оти не знае сам да ги издува, сам ја бара правосмукалката и си седнува со ноското в раце.
Споделете некои страни за онлине шопинг за гардероба за бебиња и мали деца.Немам време да одам по продавници а уште немам купено ништо за прв роденден на синко.
Јас од овие земам најчесто Бејби центар. - моментално имаат 50% https://www.babycenter.mk/obleka/se-od-obleka Мапет кидс - https://muppetkids.com/ Окаиди - https://www.okaidi.com.mk/ Од зара апликацијата Венис - https://www.wenice.mk/ Енци менци- тие имаат исто 50% на пролет лето колекција https://www.encimenci.com.mk/moda/obleka-0-24m-prolet-leto-2023
Ваква е нашата, земена во април. Прашај дали имаат сеуште. Каде да најдам гума за пливање или прстен, нешто за 5 месечно бебе?
Покрај овие што ти ги пишала @Speechless често нарачувам и од kids.fw на инстаграм модели на некст, џорџ и тед бејкер.
Немаат за жал. Кај и да прашам и за прстен и за гума со стреа се е распродадено. @Secret-Angel7 уште овде не сум била, ќе проверам. Благодарам.
Не најдов соодветна тема па доколку има а не сум ја видела преместете. Сакам да купам ствари од ИКЕА за опремување на детска соба од Бугарија. Е сега ме интересира дали и колку се наплаќа царина доколку има некој искуство? Би ги донеле стварите со кола ( организери, детски кревет и сл..)
До 350€ по лице во кола не се царинат. Значи ти и сопругот можете да внесете роба до 700€ без да платите царина. Над таа сума не би знаела да кажам.
Ако имате можност да отидете до Ниш може да си нарачаш од Икеа од Србија со достава во магацинот во Ниш и само да си ги подигнеш. Чисто како инфо. Царина не се плаќа до 350евра од човек.
@Thinkerbell. Фала ви Па да може и Србија, само чисто ме интересираше дали и колку се наплаќа. Со едно/две одења ке се опремиме Пс: сега ми текна такс фри во овие земји нема нели?
Нема такс фри од Бугарија сигурно, од Србија не знам, ама се сомневам дека има. Веројатно имаш одлучено шо би купувала од икеа, пребарај ги цените во бг, гр и ср оти не се исти да знаеш. Многу работи шо сме земале во бг се поевтини отколку во гр, а пак дел поевтини во гр.
@Doktor F Истово го приметив. Од Србија беа поефтини работите од Бг и Гр. Ние за 350 евра се опремивме со се. Креветче, повивална, тетри, играчки, постелнини, перница за доење и плус други тракатанци
Сме зимале од Бугарија со такс фри. И бугарската е поефтина од грчката, а српската не сум споредувала, незнам Ова нешто ново? Ние сме зимале од бугарија сигурна сум такс фри.