Е видов гумени чизмичиња, уште тие и кабаница ми фалат, од кај да најдам асални убави. Смотана не нарачав по другарка ми од Н&М, а имав пари, ама тоа е. Деновиве чекам да ми донеде тоа што нарачав.
Да ве прашам дали имате видено негде вакви апостолки за бебе 23 бројче ? немора да се марка Ipanema може и друга марка нешто слично
Мамички ајде мала помош. Медела производите освен во Bebe Home ги има некаде на друго место во Скопјево?
Се извинувам ако не е за тука прашањето Шпикозни по долги ,ама обични каде купувате за новороденче? Повеќе има како за дотерување,а обични за секој ден скоро и да нема Вчера бев во 3 продавници и сите викаат дека после 20ти Август ќе имале . За Скопје прашувам. Ви благодарам
Здраво, Ве молам за инфо каде можам да најдам постелнина за новороденче, сите што ги нудат во сити мол и во бисер се како сетови со по 10 парчиња. Јас сакам класична бебешка постелнина, без оградици, доволно е само чаршавче, перничка и јорганче со навлаки.
https://grouper.mk/deal/bebeski-set-postelnina-fabress Линков ти го праќам колку само да видиш кај се наоѓаат, инаку поминатабе зделката. Јас тука бев, имаат доста избор и баш како што бараш. Продавницата се наоѓа на банкарската улица, у близина на плоштад.