Ми треба ваков или сличен организер што може да се прикачува на врата или монтажно креветче? Многу поорганизирано ќе ми биде ако успеам да најдам. Ако знаете кај има
@LazaLaza те означувам тебе мама оти знам дека ти за прцлата порачуваш алишта од некст. Кажи ми како се со величината? Можеш споредба со некои други да направиш?
Слично, само со три реда и малку помали корпи имав купено од џамбо. И да ако си дисциплинирана да пресоблакаш на едно место ( наткасна со пресоблекувална), стварно е практично. За големиот кога беше бебе се си стоеше на едно место. Сега со малово кај стигнам таму преслакам и ми стои така. Мене ми беше на ѕид до пресоблекувална закачен.
За малце е поголем калапот од на хм или зара на пример. Јас и купувам како што си е по возраст и си ги знаносува. Е сега зависи ако е поситно детенцето може да треба еден број наназад.
Мајки кажете ми проверени онлајн страни за бебешка постелнина (едноставни дезени, битно ми е да е памучен материјалот) и муслински или рачно плетени ќебенца (да не се предебели)?
Второ дете. Тек сега на одмор, кај стигнам преслакам. Играчките ќе ги миеме во Скопје кога ќе си отидеме .
Јас со прво така лабаво почнав. Не купивме комода за преслекување, па на гарнитура, во креветче, надвор во количка. Не ми е проблем каде ќе ја преслечам. За миење, на почеток меките играчки плус Софи ги миев/бришев по 637382 на ден. Неколку месеци подоцна среќни сме ако успееме 1-2 пати на ден да ја пребришеме Софи. Што ќе стаса ставено е во уста. Бејби џим, подлогата каде што игра, меки коцки, книги, по 100 пати на ден се ставени во уста и веќе немам ни време, ни сила за постојано миење без прекин.
Со првото,на 5-7 дена му ги поминував во дезентал стерилизирање,одржување.. Сега цуца ако ја измиеме еднаш во денот добро е
Искрено за првото ми беше поубаво имав ред, кичма не ме болеше на преслакање и менување пелени. Ама сега со две деца гледам набрзина да завршам, пелени низ цел стан, алишта исто Се ми е јасно дреќа цувла не цуца и аку кој знае што ќе цуцаше
Luna knit на инста, убави муслин прекривки имаат. Мислам и ќебенца изработуваат. Постелнини локо кроко, енци менци..
Од било каде ама најубав памук што имам купено е во Carter’s, Wenice, Zara, idilbaby_mamino. И h&m се наоѓа по нешто ама пази да не се зезнеш, има и доста лоши материјали.
Тие ги видов, како подебели се. А од оние триаголниците со лепенки, како порано што биле на врзување само со лепенки сега да не знаеш?
Ваикики. Јас би земала со долги. Погледни 10 дневна температура,веќе се намалуваат под 30° температурите.