Порачав се надевам ќе бидат во ред работите. Ме изненади ми ги сликаа производите,која е величината и какви се во живо.
Дали некоја мамичка има нарачано ранец од ммшоп.мк да каже каков е? Бидејќи за од пики прочитав дека многу мирисал на "кинеско".... ? Или од каде е најдобро да купам ранец за на количка?
Јас кога се пожалив кај Пики дека мириса ранецот,ми рекоа тие што им стојат во продавница отворени дека не мирисаат. Така да ако има отпакуван по боја што ти одговара,побарај им отпакуван да ти пратат.
Бејби монитор со екранче, да не е прескап? Може и од Али, пуштете линкчиња ако имате нешто испробано.
Не е препорачано вакво да се користи. Во транспортер не смее ништо да се става од безбедносни причини. Јас, често нарачувам
Првото бебче 2кг пропадна во транспортерот, па сестрата ми стави еден пешкир во дупката за да го подисправи барем малку. Па затоа овојпат сакам да најдам нешто вака меко, но секако да може да се врзе бебето со појасите.
На тврдо треба да седи бебето во транспортерот, не на меко. Ти ја сфаќам целта, но сигурно ако добар ортопер види дека седи на тоа, ќе ти каже веднаш да го тргнеш.
Знам, замислата ми беше само за земањето од болница дур е ептен малечко. Ќе видам, ако не ќе барам друг транспортер ако има помал некој.
Има специјални транспортери за дел како сунгер што се става одоздоле за да се подигне, мојот е таков. Подобро пробај да најдеш нешто такво. Сепак одлуката е твоја.
Не, во Швајцарија сум од тука порачувам директно во страната. Реално за цените во мк што ги има на нивните продукти не се исплаќа зашто не се воопшто квалитетни. Тука се по 5-6 евра, па костумчиња и такви работи што ќе ги облече само еднаш порачувам од таму, дека многу поефтино е
Кај нас транспортер си имаше перниче за новороденче како додаток, вака како на сликата И со бебе од нешто над 2кг воопшто немавме проблем. Ни перници екстра, ни ништо. Мислев јас сите се вакви.
Имаше како сунѓер нешто да, ама беше потанко и не вршеше баш работа. Буквално како во дупка бебенцето да го ставаш. Од free on беше количката заедно со транспортерот, отпосле што сум споредила од други мајки како поголем беше спрема други транспортери. Но, прво бебенце ни беше и врска немавме кога ја земавме количката дека транспортерот не е баш како што би сакале. Затоа баш нешто така подебелко сакав да најдам како тоа што е на сликата во самиот транспортер малце да го поткрени.