Пред некој ден ги купив во продавничката позади Бисер во Аеродром што е за играчки. 3 се во пакување. Многу се интересни играат и бебе и големата 9 години
Не знам искрено. Под скалите е веднаш, има тротинети надвор. Од капитол кога одиш накај пазарчето, штом го поминеш Бисер лево ќе го видиш. ( врска немам со објаснување).
Мајки, Каде да најдам вреќичка за спиење есенско пролетна? Ги гледав на Нанам, ама не знам дали е доволно полнета таа есенско пролетна или подобро е да ја земам зимската па да и облечам само боди одоздола? Инаку не трпи да е покриена, мраз ладна е кога ќе стане
Есенско пролетната е колку нормално памучно кебенце...таа полнетата е баш полнета како со памук...јас ја имам таа есенско пролетната и сум задоволна.. ја користам во пролет/есен зошто на зима сме на парно и претопло ни е дома...зависи каква ви е температурата и за кога ќе ја користите..ако си од СК, оди во Ситник имаат производи од Нанам ќе ја видиш разликата во живо
Ти благодарам многу Не сум од Скопје, за жал. Инаку би ја користела овој период, па според тоа што ми пиша есенската би била супер. Зимно време би земала подебелка бидејќи спиеме во ладно (макс. 18-19 степени).
Да за ова време есенската ти е супер, порано имаше три вида: летна која беше потенка па зимска и полнета..па кога ја креираа страната направија некои измени...сега гледам има летна еднослојна која е вероватно потенка и летна двослојна, е таа мислам јас ја имам, јас кога ја купив зимска ја викаа, а сега зимската ја викаат полнета и пази на големините ако порачуваш од сајтот, јас одев по месеци не видов дека мерки имало и син ми сега фустан носи Муабетот со тоа дали е од Скопје ми беше во смисла ако сака да оди во живо да ги види да направи споредба меѓу полнетата и другата
Женски помош, уште малце ми е термин, со првото немав ама сега сакам гнездо. Гледам со втори деца доста го искористуваат. Ело дизајн чекаат нова колекција не знам кога ќе биде, деугите што прашав по фб и инста не се перат навлаките... Кој има од кај нарачал или ако видел негде???
Да, да, ама ете ако не може да отиде да купи, си реков има онлајн. Инаку, јас ја видов зимската со ногавици, барав за поголемото најголем број и иако им е бројката 18-36, точна му е, а има 3 и пол години. Јас купив од Хелоу бејби, ѕирни, имаат ставено слики и на Инстаграм. Еве сум ставила слики во Труднички. Инаку, еве мене ми е второ, само еднаш или двапати го искористив. Се вади навлаката од сунѓерот каде што ќе лежи, а тоа околу полнетото цело го ставив во машина се испра. Мислам дека 1800 денари беше.
Им пишав, ми пратија два модели им останале едно ко со плетенка и уште едно и ми рекоа дека не се вадат навлаките за перење... Мене ми беше битно да сеперат
Освен Сомниа, друга страна за детски постелнини да ми кажете? Барам единечна постелнина со Патролните шепи. Тач немаат.
Пиши им на Фејс на Lili postelnini po naracka Немам искуство, тие ми излегоа и гледам има слики со постелнина со шепите.