Да, јас искрено не ни знаев Нанам дека имаат производи по продавници...случајно видов во Синтик иначе и јас мојата онлајн ја порачав...ама син ми имаше 2 години кога му ја купив, а 18-36 му беше огромна, сега е 2 и 8 месеци пак му е голема, околу 93-4 цм е тој а самата вреќа е 100 цм а рачунај му почнува од раменца...затоа и реков на @Sweetheart87 да пази со големините ако нарачува онлајн
Дали има некаде да купам како заштитна навлака за бебешко душече? Не од тие непропусливите навлаки,туку обична со патент врз самото душече да биде и од горен и од долен дел.
Да, да, моето е околу 100 cm, а најголемата би му била океј. А имам и малечка за бебето, најверојатно е таа со два слоја. Таа е тамам за ако е 22-23 степени во просторијата во којашто спие. Најдобро е да им пише порака на Фејс и да праша за димензии пред да нарача.
Дали знаете каде би нашла дуксер со патент и капуљача? Тоа што гледав е над 1000 денари, нешто со пристапна цена и убаво. Ви благодарам
Јас имам од трифантино, исто со тврда подлога е. Не се вади навлаката, ама јас цела подлога ја ставам в машина и ја перам. Од првото дете ми е, повеќе пати ми е перена досега, не е мрдната.
Здраво Каде може да најдам хулахопки бели за новороденче? Не сум ич уходана со женскава гардероба па да скратам лутање
Гумирани/водоотпорни панталони за дожд како овие во Зара? Ми требаат за побрзо, не можам од Зара да ги чекам.
Здраво, дали некој има искуство со производи од страната daisy kids од инстаграм? Имаат преубави работи ама само online се, малку ми е ризично. Или доколку знаете некоја продавница каде би можела да најдам нешто слично на овие производи.
Балдахин има на kidsandco и elo, вртелешка ваква и каква и да сакаш по желба работат rabotilnicabulka, јас имам од таму порачувано, прекрасни се. Ваква лулка креветче некаде имам гледано, ама не се сеќавам, ако се сетам ќе ти пишам.
@Sofi.ja величините во Синсеј одговараат на возраста? Имаат интересни работи за есен? Тренерчиња и бодиња највеќе ми требаат.
Земај едно бројче поголемо од Синсеј. И калапот е помал и малку се собираат. Има интересни работи ,особено кога ќе извадат нова роба, еднаш или два пати неделно. И од сабајле оди додека е средено. Мислам во Рамстор има поголем избор.
Луѓе кои продавници од СК имаат онлајн нарачки? Вајкики, Н&М нешто имаат? Барав ама не ми два страната ништо за разгледување не знам што е маката.