Само Македонија ништо не функционира онлајн, заостанати . Единствено Зара. H&M, Waikiki, Sinsay, Dm market... па и многу други Србија и секаде имаат онлајн.
Помал е калапот. Јас земав два пара тренерчиња долни и две маички, ми се допаѓаше дезенот, ама квалитет катастрофа. Тренерките се собраа и се излитија од прво перење, а на маичките попуштија рабовите. Ефтини беа, тренерките мислам 350 ден, маичките 190 ден, ама не вредат ни толку. Не би купила повторно.
Од каде да земам тренерчиња или бодиња со долги? Зара ништо не ми фаќа око. ХМ да видам ми текнува и Стружанка, Тритекс.
види и Ваикики, задоволна сум од нивните тренерчиња. Тритекс се потенки. Котон исто имаат ок тренерчиња. Барем тие што сме ги земале до сега биле ок. За бодиња, тритекс, едни и единствени за нас
Боди на долги земав од Тритекс на попуст, а тренерки од тука земав од Тила и на Breeze од детска продавница во Буњаковец (заборавив како се вика). Во Тила беа 1300, другиве 1000 ден. Во Тила дуксерите беа 850 ден.
Женски каде да најдам ко комплет за од болница ама едноставно еднобојно? И трака за глава, нешт о вака слично
https://www.wenice.mk/Product/ProductDetails?productId=MA16691 https://www.wenice.mk/Product/ProductDetails?productId=MA16696
Од бомида, онлине може да нарачаш затоа што продавницата не им е во Скопје мислам, јас нарачав бодиња и шпикозни, цените им се баш пристапни за сите, материјалот е преубав и многу се услужливи а и брзо ми стигна нарачката, мислам за 2 дена така нешто.
Јас од оваа страна имам нарачувано во неколку бои, мислам исти се како овие од али. https://www.facebook.com/profile.php?id=100064877148023&mibextid=ZbWKwL
Zara функционира, ама ептен без осет. Ем достава 250 денари, поскапо од сите други, ем за пратка се чека по неделс и нешто.
Мислам дека пратките доаѓаат од странство, конретно јас досега што сум порачала секогаш ми стигнувале од Полска. А, друго што ме нервира е што ми ги снемува работите од кошничка кога ќе има попусти. Да имаше барем некое одредено време, па ако не ја затвориш тогаш да се губеа. Ама тоа е, барем нешто можеш да порачаш, за разлика од другиве фирми.
Е тоа не сум приметила, па нешто кога ми е за брзање идам физички да шопингувам ако сум во можност. Ама тоа ни е, барем имаат веб шоп и можеш да видиш што има на располагање. Е Окаиди имаат супер брза достав и профи страна, со нив сум немала никаква мака. Ама ова другиве подостапни што треба да бидат, не се.
Јас пак стално купувам од Синсај од Струга пошто од Охрид сум а во Охрид освен Ваикики ништо нема друго во Синсај ефтини ми се и слатки и за неколку пати што ќе ги облечи добри се незнам во Скопје како е ама во Струга за машко има подобар избор поубави се и во материјали и во дезен тоа имам заприметено.
Ти пратив, ако не отвара пак(зезаат линковите на фб нешто стално), побарај ги baby accessories на фб.