Проверете во Софиленд (Лептокарија) а може да им пишете на инстаграм да ви пратат доколку имаат Исто така Тила, Wenice, оние продавници онлајн што носат од Next, George ili H&M, сигурно нешто ќе се најде
Hellobaby до Веро Џамбо, имаат на Биорганик, чисто памучни со преслатки дизајни. Ако не можеш да одиш, пиши им на инста. Јас лани од Андреј земав едно минијатурно, исто на Биорганик, скроз памучно, вакви беа ако ти фаќаат око.
@Mom's_life сега се сетив, tuctucandfriends.mk секогаш имаат убава гардероба, видов имаат интересни фустанчиња за новороденчиња
Леле ама е убавоо, јас барав вакво нешто за излагање од болница. Од андреј компани го имаш земено? И општо луѓе каде можам да најдам најмал број од 0-3м фустанче запната сум со фустан да ја изнесам од болница.
https://shop.tuctucandfriends.mk/p35941.html?childSku=p35934 повели линкче, имаат преслатки фустанчиња
Да, од Андреј го ископав тогаш, мислам лани декември негде, купувавме други работи и ова го најдов. Мислам дека беше 56ка бројче, не ја изнесов во него дека беше многу малецка, точно и беше по 2 месеци, ама ми се најде покасно за сликање, а и си го носеше и така дека памучно и пријатно. Други фустани не ми сака, ако има чипка или тул вришти, нормално, не и е удобно. Ѕирни таму, ќе ти помогнат тетките да најдеш некое малецко, а и во Hellobaby имаат од истиот бренд. Инаку најмало бројче, за новороденче, памучни има во Тила, јас многу го сакав тој бутик, купив неколку, се убави бои и дезени, ама многу неквалитетни се покажаа, одма ко со дупчиња на рабовите, а и отворот за главчето беше многу мал во однос на бројчињата, па лично јас не ги препорачувам. Сега зимава здравје за роденден да пробам да се одлучам кое од некст да и го нарачам, и да се молам да стигне, сите ми се преубави.
Фала ти мама иначе дупки се прават најчесто ако матерјалот е стар. Исто како на бреезе што имат убави модели али обавезно после перење дупка мора да се појави.
Јас сама си правам. Нарачав кеси од али и во комп си изравотив такви како топери персонализирани, ги испечатив во печатница на самолеплива хартија. Ќе ја полнам кесата со бомбони чоколада и сл и ке го лепам топерот на неа
Здраво, ве молам за совет колку комбинации/ облеки купивте пред пораѓај? До сега имам купено 3 шпикозни, 1 пар тренерки, 6 бодиња и 3 пара панталони/хеланки. Само тренерчињата и 1 шпикозна се 56, а другите се 62.
Земи си бодиња 56 и долни исто за почеток, ептен се малечки, 62ки малце покасно ќе ги употребиш. И подобро купувај си 2делни одколку шпихозни ообено ако е посвежо време зошто со шпихозните треба ноџињата да му ги извадиш и да ја наместиш пелената ептен ми се непрактични.
Фала на советот, но од прилика колку се доста за почеток? Немам претстава… а и гледам дека на различни места, различни се величините… од каде купувате. Од каде сте нај задоволни?
Тритекс,силви стајл(ги имаш во стружанка или др што продаваат такви работи), зара исто така се убави по 5 ти одат. За почеток земи си 10 па ако треба ќе докупиш, секако и ќе ти донесат
Бодиња за новороденче најискористени ми беа од Зара, и тие по 5 што одат, ама уште подобри ми беа тие на преклоп што им се, по 3 одеа, имаше и на кратки и на долги, најлесни за облекување без трауми, најмногу ми ги износија. Исто и од обаиби, по 3 во комплет, малку посоленки се, ама не мрднаа, а ги изнаносија. За на број колку се доволни ќе ти зависи од многу фактори, колку често ќе переш, машко/женско бебе, дали ќе бљуцка или не, ама минимум по 7,8 од се основно мислам ти треба, па ќе докупуваш по потреба.
Од кеги се му земам искрено. Топлинки конкретно плишаните на вико се мислам топло држат ептен се убави.