Ај и ова да прашам - каде да најдам "гаќички" за под фустанче. Знам за внуката кога купував, така се продаваа фустанчињата, сега не сум начекала така комплет.
За жал денеш од гужва хаос беше и само ова успеав да најдам да има броеви 0-6, 6-12. Ако не ти се брза од понеделник на тенане ќе влезам пак и ќе побарам уште еднаш, а ќе видам и во дуќанчињава
Не знаев кај да го поставам прашањето, ако не е за тука нела се премести. Во самата дневна имаме скали а бебе му удрило мерак нормално, дали има некој идеја или да видел ограда кај се продава или некое друго решение да предложи?
Ако не си купила веќе, има во една продавница/чорапара во Бисер, не беше сара фешн, ми се чини имаше налепница од пенти. Не знам како се вика ама нема да ја утнеш, има чорапи мноогу и хулахопки, и има капчиња/шеширчиња баш на закачалката до самиот излог. Повнатре е продавницата. Можно е да беше тобакото блиску или аптека.. Остај ме мене, уклучи гпс хаха
Претпоставувам @Вереничка зборува за дуќанче во редот на полини, ако знаеш во бисер каде е. Таму секогаш има огромен избор на чорапки и хулахопки. Ама утре тоа нема да ти работи. Туку од каде сега дожд најавуваш, немој вака. Кафанче требаше да се прави
Имаше ограда едно време во Џамбо, би требало иште да ја има, околу 600ден. Се става само пред скалите.
Исто и јас барам за на одмор, имаш во Енци-Менци околу 1800-1900 и во Бебе Супермаркет 1500, јас уште гледам, бидејќи гледам да најдам нешто најевтино, зошто за кратко користење ќе ми биде.