Сакам да си направам отпечатоци од раче/ноџе од бебе, каде може да купам нешто такво? Само да не е како со индиго, нешто друго?
Само џемперче со еленчиња видов во Синсеј. Ама не беше толку слатко. Во Бебе хоме и бебе супермаркет види ги рамките. Некој вид на глина е
Девојки, каде можам да најдам крзнен (мече) скафандер за бебе? Само да не е материјалот полиестер. Гледам на повеќето места ги распродале...
Големи како вреќи имам земано од Електрометал пред некоја година. Е сега не беа нешто штосни кој знае колку. Вакви https://elektrometal.mk/proizvod/novogodishna-torba-30h45sm/ Ама беа поголема димензија. На сајтот не гледам сега толку големи
Нешто што имам сликнато од Џамбо, ама знај има многу повеќе избор од ова, од вреќички до кутии со разни величини, материјали и шари.
Пред 5 години имав купено едни мали крпчиња од Лана еко пелени, направени од бамбус, многу ми се најдоа и сакав сега пак да си купам, ама таа страница нема постови од пред 2 години, претпоставувам не функционира. Нешто слично да сте виделе или да ми препорачате? Тетра пелените се супер, ама ова беше мала верзија, големина колку марамче, и мислам дека и бамбусот повеќе упиваше од обичен памук.