Е па стави над тетрата универзална навлака, јас памучна купив, од Локо Кроко мислам дека беше и е како мек претенок фротир. Не дека е нешто совршено, но подобро е.
Не знаев кај да прашам па ај тука. Каде да купам од оние магнети со име што се? Имаше порано во градски купував,сега гледам нема веќе таму. Кажете на друго место,каде сте сретнале нешто вакво?
Да така им се движи цената, нешто поевтини најдов и порачав од Dekorativni Kolaci, меѓутоа немаат достава.
Дали некоја има од приборот за јадење во дм за бебе што е и која цена е? Сопругот ке го пракам да зима од велес пошто ние немаме кај нас дм па да знам отприлика која цена е или има на локо кроко околу 600 ден лажичка вилушка тањирче и сад со капак дали е тоа подобро?
Другарка зимаше во март ско убаво памтам беа 400денари. Како јајцевидна форма пластично внатре турпија, ноктарка, ножички и уште 1 или 2 нешта имаше, и многу се фалеше дека е убаво.. знам беа внатре 4 или 5 работи ама да не те излажам имаше розева и плава боја
Каде, (освен во Kids and co) да најдам убав силиконски сет за јадење со плитка чининија со прегради, длабока чинија и чаша (пожелно со цевка)? Битно ми е убаво да се лепи на подлогата.
Неколку членки го фалат приборот од Пики. Мислам околу 800 денари дека беше. @Thor ,има последно објавено во темата што купивте.
Да, како што рекла @Miss_S сега брзо го купив, 850 беше и да, се лепи убаво. А и @AngelOfArh доста задоволна е од чашката баш пишуваше ама не можам да го најдам мислењето
Од Али имам слични плитка и длабока чинија. Плитката супер се лепи ама длабоката не и ја фрла. Можеш ли да ми пратиш слика да ги видам? Што има во сетот?
Ние имаме од ДМ, ама скоро се сѐ продава одделно. Вилушка и лажичка имаме метални со пластични рачки околу 300 ден комплет. Посебно се продава длабока чинија, плитка, пластични садови за пакување храна, лажички пластични силиконски… Зависи што ти треба можеш да се направиш комбинација. Повеќето што ги имаме од ДМ се на бејби лав. Пс: на овие мислам.
Не ти препорачувам да земеш. Првото дете на 12 месеца уште ми носеше големина за 6-9мес, второто сега на 3 месеца носи 9-12. Веројатноста дека таман ќе биде по бројка цела година не е баш голема. Претпоставувам за сликање ти е, и тесно и широко да му стои нема да ти се свиѓа. Подобро нарачај си плочки со бројчиња за месеци, или подлога, јас тоа имам со двете деца.