Дали знаете каде можам да нарачам некое слично? Мислам дека ми излезе некоја продавница од Косово, но сега не се сеќавам која
Јас имам од Бебе Хоум. Посебно се продаваат, по околу 400ден. Ептен лепат. Ги имам некаде по темата. Не сум дома да ти сликнам. https://bebehome.mk/product/vib-modern-silicon-bowl-blue/ Имаат бесплатна достава.
Бев вчера во молот во Приштина.Се разочарав од Next.Мала продавница,избор скоро никаков.По нешто за бебиња имаше (скроз мали броеви) и тоа беше се.
Каде да купам повеќе тетра пелени по нормална цена? Разгледував онлајн да порачам, некако скапи ми изгледаат, ми кажаа да си проверам Стружанка и слично..Дајте предлог скоро од кај сте земале така од дуќан
Јас од стружанка земав во март месец, скроз белите беа по 100 денари, а шарени мислам дека беа по 125, не ме фаќај за збор.
Јас од локално продавниче земав шарени по 90ден парче ама не сум од Скопје, види побарај по такви локални продавници сигурно ќе најдеш поефтино од на интернет
Андреј компани шарени и еднобојни како газа што викам јас по 90 денари, подебели како кебенце што идат 120денари
Ај види тука ги гледав , не се скапи и имаат различни дезени . Мислам дека вршат и достава. https://www.facebook.com/ButikBiljanaKIDS?mibextid=LQQJ4d
Здраво, Каде може да најдам ролетна за сонце за во автомобил за девојче? Ако знаете каде има во Куманово би било супер.