Здраво девојки, Ве молам за предлог за блендер. Дали да земам поефтин и силен или да да земам Нутрибулет. Кои се вашите искуства, од кој сте задоволни?
Јас користам рачен блендер(пасатор) од riversoft на марката vox го земав 1100 денари од прилика. Блендирам и свежо и варено без проблем.
Нутрибулетот е многу добар, ама ич не е за мали количини. Едно јаболче на пример не можам да изблендирам, само ќе се излепи од страна. Значи на почетокот е безвезе, ама откако ке стигнеш до оброк 150гр одличен е. Мене лично многу ми значеше дека овошја не морав да варам, дури и свежи ќе ги изблендира совршено. Ама за едно тањирче варена храна да изблендираш мислам најдобро е рачен пасатор.
Јас имам рачен пасатор на Zepter и Нутрибулет. Нутрибулетот ми е подобар со оглед на тоа дека кашите ги прави со мазна текстура и најбитно месото го блендира убаво. Ако имаш бебе што добива нагони од пасирано добра опција ти е нутрибулетот и ако сакаш понатака да ја смениш текстурата имаш опција со прекинување или др ножиња да ја направиш кашата како пасирана. Значи боље избор нутрибулет
Дали имате преносна хранилка што се става на стол. Дали вреди? Планирам да купам само за одмор зошто нема шанси да јаде ако не е врзан. Предложете ми..
Здраво, дали знаете каде кај нас може да се најде брендот за деца Mayoral? Многу ме бендисаа и дезените и материјалот, а не се скапи
Има, јас купив за моето уште кога наполни една година и секаде ја носиме, на гости, во парк, на одмор. Кога бевме на одмор сме ја користеле и за на стол, и за на земја и за на плажа, ептен ни се погоди. Еве ја, со тоа што пред две години беше 2500 МКД: https://www.encimenci.com.mk/stolche-za-hrane-e-lift-grey-foppapedretti-9700358405