Јас имам нарачано од женско катче и се одлични. Искрено сега летно време му ги тргнав преградите и му остана само плетенката во креветче, за зимно време е одлично со прегради плус да му е потопло. Бидејќи му ги тргнав сите перници, не знам какви се делуваат супер, а гнездото не го искористи ич, мислам зависи од бебе до бебе. Но во секој случај супер се и плус добиваш се комплет
Да мајка ми нарача кога се роди бебо, убави се квалитетни, комплетот имаше оградици, 2 перничиња, чаршав, јорганче, гнездо и плетенка. Јас гнездото во дневна го користев највеќе.
Јас земав од Babybi, ама некако како да се зезнав. Многу ми го затворија некако креветчето, големи се оградиците. Сега додека е мало ќе терам со овие, а понатаму некако око ми фаќаат на Tilla постелнините, со тенка долга целосна оградица.
Каде да најдам некои вакви играчки? Не ми излегле нигде онлајн, ни на Пики дури или јас не сум приметила? Или ве молам предложете играчки за 13 месеци.
Majki lepenki za korekcija za ushi od kaj ste kupuvale? Jas gi najdov otostick ama za eden mesec se 1580den. Ima nekoi drugi?
Мајки предложете бутик низ Аеродром што имаат штосни работи за девојчиња, фустанчиња ленени, комплети..
Во Ваикики, Синсеј некој што бил скоро дали има попуст на шпикозни, боди, блузички на долги? Сакам да земам нешто за есен, не сум од Ск, ако немаат намаление да не одам џабе.
Каде да купам ултра мали чорапчиња? Тие што ги имам се 0-6, му паѓаат, а и он лесно си ги вади кога спие. Многу му се големи, двете стапала може да ги стави во една. Сестра ми вчера беше во Стружанка, Тритекс, Капитол, чорапара во Бисер и не нашла помали.
https://bysisters.com.mk/product-category/пролет-лето-24-нежности/ Види тука, ги шијат има табела со величини на секое фустанче. Се поскапи, ама мн убави