Ако отвориш темата за Алиекспес да видиш дека луѓе по 9мес чекаат пратки, не ти препорачувам да се ослониш од таму да чекаш, голема е веројатноста дека нема да стигне до нова година. Јас нарачував од рандом страна на фб, и во ваикики наоѓав. Нешто само за сликање за еднаш, какво и да е ќе пројде. Околу 600 ден платив за боди, панталончиња и капче новогодишно.
Штета, свашта има за смешна цена. Јас па си викам да си порачам со време. Порачував 3-4 месеци пред да се породам и тие пратки стигнаа баш кога се породив, ама штом се чека сега 9 месеци не порачувам тогаш. Уште подобро ако во Waikiki носат новогодишни ствари, ќе купам од таму.
Фала ти! Баш ваква ми треба! Дали знаеш како да нарачам? И ќе сакаш ли линк да ми пуштиш, не се снаоѓам на страната да ја најдам кутијава
https://www.instagram.com/tupperwarenorthmacedonia?igsh=MThjNnhidDJoNHJydQ== Не сум нарачувала, ама би требало да може и преку порака, пиши им. На страната има само неколку производи, и јас не ја наоѓам кутијава.
Каде може да најдам убави хеланки, панталони за девојче за со боди барем кога ќе е посвежо за 3-6месеци?
Сакам да ве прашам на Виолета купките дали ги има некоја користено и каде ги има да се купат кај нас?