Не е неопходно но нас ни е дефинитивно најискористено нешто што сме земале за бебо до сега. Го користевме за дневни дремки, бебето на некој начин научи да разликува што е ден што е ноќ со гнездото. Преку ден спиеше во гнездо, преку ноќ си спие во креветче.
Со првото дете не користев, со второто имав ама не го сакаше. Внуката пак до 3мес мислам нон стоп беше во гнездо. Како и сите други реквизити, зависи од детето дали ќе се искористи. Неопходно не е сигурно, можеш на кревет да постелиш една тетра и така да го легнеш бебето. Ама истото можам да го кажам и за креветче, релаксатор... мое мислење е не ти треба, ако ти е кејф нека ти биде подарок од некого за повојница, барем ако не се искористи да не ти е криво за парите.
Има едно во ДМ, на бејби лав секоја страна различно животно( една страна со свирка, друга хартија, трета шушка ); можеш да ја видиш јас ја земав но бебе се плашеше од неа. Друго има во топер - бебешки книги што секој ден ужива во нив бидејќи се со многу бои и постојано ги разгледува. Можеш исто да пробаш со басни, да му читаш он да гледа и тоа доста кај нас дома е актуелно. И во литература имам видено исто - само цена која е не знам
Да басни имаме еден куп книги читаме цело време ама вакви со животните,звуци не сум начекала. Фала ти
Дали некој има искуство со електричната турпија за новороденче на Хака? има додатоци и за понатаму, до возрасен ама дали вреди за парите за новороденче поготово?
Ние турпија користиме и не можам да замислам со нешто друго да му средувам нокти. Mission impossible ќе биде. Нашата е од чичко Али.
Јас од али експрес нарачав чекав 1месец искрено многу малце ја користиме, бебево ми ја зима се тепа со мене, а овде ептен ја фалат.
Не можам да замислам со ноктарица да сечам нокти, со електрична турпија ми е ем полесно ем без ризик да го повредам. Јас од Shopex на фб ја имам нарачано, околу 450 денари беше пред помалку од две години, вредеше за секое денарче.
Стварно и кај нас е борба секое сечење нокти, а од новороденче си тераме со турпијата, мислев ќе се научи ама не. Не е место темава ама дајте некој совет како правите
Многу сакам гнездо, ама ги рачунаат како небезбедни за спиење (општо и за дремка) Јас првото бебе до 3 месеци го "растев" во гнездото Дневни дремки, да тркнам до wc, да мрднам, тој е во гнездо. Убаво е од ЕЛО што се пере навлаката и големината за новороденче е супер, а по 3 месеци го потпирав позади и уживаше, тој ептен си го сакаше гнездото. Да не го оставаш бебето на сите страни низ дома кога е премало, уште од болница директ си го ставив во гнездо и тоа си беше негово местенце. Лесно да го преместиш низ дома ( само гнездо, без бебе во него ), ама додека не се врти бебето. Пак ќе кажам, ги сметаат за небезбедни и од сите страни ми зборат дека не се за дневна дремка, ама јас веќе си купив уште едно и сега сум спремна со две за двете бебенца што доаѓаат
Баш за дотерување, за со фустанче, гледав во enci menci пред некое време, ама сега после попустите да погледнеш дали има
Академска книга има многу убави звучни, ама на англиски јазик, големи. Ние имаме неколку купени и ги сака. Исто и во просветно има со звуци, поголеми се. И овие touch and feel, овие се помали, ама нема звук https://akademskakniga.mk/BooksM/BookMojDetails?book=113279&kat=677
Исто и јас.Со првото бебе гнездото ми беше искористено ептен,кога почна да се врти поретко. Сега за близначињата си обезбедив уште едно и уште од прв ден ги користам. Еве моментално терат дремка и двете. Кога ќе потпораснат ќе си седат во него со играчки,се надевам ќе ги искористам и овај пат максимално. Инаку со лесно мајка до крај. Собирај сили ќе требаат. Ама и радост и среќа е голема
Јас ја имам, бебе е 6 месеци и од почеток само со таа сечеме нокти. Одлична е и има додатоци до 12м, и после уште една за 12+.