Каде би можела да најдам резерва предно тркало за количка за бебе? Како ова на сликата количка Мони. Фала
Ова ми е една од најнеупотребуваните работи. Баш истава вртелешка од сликава ја имам, многу е убава, ама ај што синко не и обрна којзнае колку внимание, малку е оштетено креветчето на местото каде што стоеше. Не многу, ама има сменето боја и малку е излупено.
Па претпоставував дека не е потребно, повеќе вака за изглед само. А завеса над креветче? Дали имате? Мислам дека и тоа е повеќе за изглед.
Јас не, а и оградици и перничиња џабе нарачував, само го гушат креветчето, а и најбезбедно е да нема ништо во него. Знам дека меракот е голем, ама мене и тоа ми е една од најнеискоростените работи.
Ние го ставивме на три месеци, еве шест ќе прави уште и е интересно. И свети на таванот како ѕвездички и навечер пред спиење си ужива. За плетенките се согласувам. Креветчето треба да биде скроз празно.
Дрвено имате? Како да го решам проблемот со мавање во даските? Се беси по оградата се превртува, пика нозе раце измеѓу, се врти и паѓа со глава на оградата 9 месеци е П.с греач на шишиња каде да најдам? Пристојна цена да е
Јас имам дрвено мила, и кога беше мало ги извадив од страв да не го пикне носот таму. Околу 4ти месец почна да се превртува сам и со разговор со педијатар и ортопед ми кажаа дека веќе совладал да ја крене или мрдне главата кога има опасност со покривање на носето. Но тоа не заврши така, на секое вртење ја удираше главата или ќе ја пикне ногата во дупките или раката и ми беше преголем страв да не ги скрши. Ги вратив со тоа што ставени ми се на едната страна шокрај ѕидот целосни оградици, од главата и нозете мали оградици а кај делот што гледа спрема мене му е плетенката. Таман е и за зимава, да не му дува а он веќе нема проблем и да се сврти има навика да ја гушне плетенката и така да заспие. Јесте го намалуваат просторот во креветчето но барем не се вадам од памет кога ќе слушнам да ја тресне главата
Дрвено, да. Не знам, ваков проблем немавме. Не дека не пикал нозе, раце или дека се нема чукнато, ама не било ништо страшно и важно ми е да има добар проток на воздух додека спие и да има слободен простор околу него. Можеби ќе ви завршат работа оградици, нас џабе простор ни зафаќаа.
Зошто вакво за излегување? Ќе го изнесете во транспортер не на раце. Мислам дека никаде не дозволуваат на раце да изнесеш бебе вака од болница.