Balon Tvister mi tekna vaka momentalno a i drugi prodavnici i cvekjari imaat baloni shto gi polnat, pisi na insta baloni samo i ke ti dsde predlozi nadole za strani so baloni dekoracii i ke odberes kade ti e najblisku
Јас земав од балон твистер, иначе во базаро имаш сет за 200ден ако сакаш само балон со конфети. И на mystore сајтот има ако можеш да почекаш неколку дена за достава. Ако сакаш да лета ќе мора да ти го направат во продавница за балони, ама ако само ти треба црн балон за пукање, далеку поефтино е да си направиш сама.
Ми треба голема помош од вас! Дали некоја од вас го има нарачано ова и го има сочувано мануелот за кои шипки во кое идат?
Здраво, дали случајно некој знае дали ги има истите производи за бебе во C&A во Diamond Mall кои ги има на официјалната страна или доцнат со колекциите? Не сум од Скопје за да проверам, да знам дали да праќам некој.
Некоја мајка да ја има зимската навлака за количка од Мапет? Дали е топла, ептен се скапи оригиналните на макси не знам дали вреди да земам..
Пријателка ја продава од макси зимската навлака, слабо и е користена а зачувана. Ако сакаш ќе ти пуштам контакт
Женски планираме да одиме во Скопје викендов да купиме аливчиња за малечката. Во кој mall би ми препорачале да барам, каде има најмногу детски продавници и избор? Сакав во diamond најмноги заради Next, дали има и други продавници за бебиња таму?
Имаш и на H&M според мене подобар избор во Diamond, повеќе работи сум наоѓала во тој мол. Најверојатно бидејќи нема толку гужва како другите молови. А за Next нема да згрешиш. Баш деновиве ги перав алиштата прв пат сите... Има разлика во памукот од Next и памукот од H&M после едно перење најискрено. Исто Зара имаат преубави работи, и според мене, подобар квалитет од H&M. Само Зара за деца нема во Diamond. Ќе мораш East Gate, таму има повеќе изложено. Ама најдобро е онлајн. Други во Diamond што имаш се Civil baby (немам купувано, не знам како се со квалитет, ама за цена како што видов се прилично поефтини од другите продавници), IdilBabyMamino - имам нешто купено, има интересни работи, ќебенце зедов памучно и бањарче - премеки се, Крш - има на carter's ама постари колекции. Има и Waikiki, Coton ама немам влезено лично во овие за бебиња да разгледам што има.
Ostaj sto e skapo majka tuku i belo vnatre. Mn lesno se valka, ako ja kupis od muppet pisi iskustvo i jas ja gledav.