Каде да најдам убава подлога за количка? Што мислите кои се подобри од овие два типа? Ми останало у памет дека бебе мора да лежи на порамна подлога и ова некако другово мислам нема да е океј.. што мислите?
Зедовме како вториот тип некако ептен нерамномерно лежеше ќерка, а за седење пак скроз искривено. Ова за дете од 5-6 месеци што уште не знаеше цврсто да седи исправено. Ја земав демек за подебело, да и е топло ама скоро ич не ја искористивме.
Фала ти, така и ми изгледа... неудобно. И во Бомида видов еве има па ќе размислам... Летото мн убави гледав на страната на Велеа, ама ги нема сега.
Со што ги перете алиштенцата на новороденчиња? Отидов Фрош да земам, многу лошо ми замириса Така ли мирисаат и алиштенцата после?
Не мирисаат на ништо, ама и така треба. Пренежни се бебињата. Туку коа веќе прашувам, од коа вметнувате и омекнувач?
Персил сензитив, без омекнувач. Нема мирис после перење, мирисаат на чисто. И премеки се, нежнички алиштата.
Јас со Нила перам и убаво ми мириса и не ставам омекнувач. Уште го перам посебно зошто само за него машини пуштам 2-3x неделно, некогаш и повеќе
Бекутан без омекнувач, затоа што има еден што е микс течен и омекнувач За мене нема поубав мирис од прв ден, ама затоа што бекутан не користиме ништо друго козметика или влажни бекутан, па да ми се мешаат мириси. Ова ми е мирис на бебешки и детски алиштенца
Може алиштата да мирисаат чудно и да не го неутрализира мирисот од прва. Јас имав некои такви алишта и се изгуби мирисот после неколку перења.
Каде да најдам убави постелнини? Или само чаршавчиња за креветче? Така некои понежни, може и еднобојни?
Во ело јас купував последно и имаат преубави. Пастелни нијанси, со принтови, секакви. Имам земано и од Ситник во гтц, трифантино на инстаграм, бебе центар и бебехоум, зара хоум (преубави). Исто сега нарачував и една подлога како софа ја користиме од мое катче, имаат супер матријали и мислам дека прават и постелнини по мерка.
Кај може да ми изработат навлака за душече од корпа? Видов од @mariz од babybi дека има нарачано ама им пишав, сега не изработувале.. И дали се океј чаршафите за душек од стружанка, обичен сакам, не ми треба некој од 1000 денари
Колкава ти е корпата, односно душечето? Не ги користам моиве.. кнап беа ако сакаш ќе ти ги дадам (ако ти е помала корпата). Тетра сепак повеќе ставав И океј беше со тетра.. мали, не се вртат, не ја изместуваат. Убава голема тетра до испод душече ќе дојде. А ако сакаш ептен за душечето, bombaciio да ги прашаш. Мада мене ми го бараа душекот да сум им го пратела, за заоблено да го направеле.. а нема потреба заоблено. Може само димензии да кажеш, да е правоаголна форма...