Има рачно изработени на работилница булка на инстаграм побарај. Со облачиња, виножита… ако си за такво нешто.
Исто сакам да видам за игрална затворена за бебе. Некоја да не купувала последниов период, па да сподели каде се убави?
Имаш во просветно дело и литература од 300 денари па нагоре. Мајка ми ми зела од кипер затворена игрална, веројатно ќе ја користам од 6+. Сестра ми има иста, максимално користена им е.
Од Пики од Струмица нарачав јас, поварај ги на инста или на фб. Имаат и различни форми и големини и не се тешки за склопување
Ај да ми каже некој кај можам да најдам од тие круговите што се закачуваат на игрална за да се крева бебе на нозе само? Имам што дојдоа со игралната ама се прекратки, или некоја друга идеја што им ставате да се фаќаат да се исправат, моево само за нас се фаќа и така пробува
Еве ја, не е цела отворена, намерно едниот дел ми е така кренат од другата страна, кога го ставам на стомак гледа натака и подолго седи на стомак така.
Кај можам да најдам вакво нешто? Да се прави како масичка, точаче или walker.. ова е 5 во 1 ама немам најдено низ МК, па дали имате видено некаде?
Вреди ли да се купи вреќа за во количка? Се мислам дали ќе е фрлање пари. Моево ќе прави 5 месеци уште малце. Нешто во овој стил: