Ние добивме на поклон од локо кроко е нашето, инаку како да сум видела и во пики. Е сега нашето мислам како столче не може да се намести, само како масичка и како проодувалка.
Неопходно не е, ама убаво е да се има. Ми го дадоа на користење, сега бебе само со јакна го шетам место со скафандер. Ама реално ако треба да купам, само скафандер би си купила. Премалку се шетаат деца во зима кај нас за да ти се исплати.
Фала ти. Имам скафандер, ама мислев ова ќе ми биде полесно за во количка. Да знам дека малце се шетаат во зима, а мене ми рекоа да сум го шетала барем саат време надвор заради сензорни активности. Искрено и шубе ми е со загадениов воздух
Јас само до градинка да ја носиме поголемата, и во комшии ми живеат брат ми и снаа ми, до кај нив одам со количка. Иначе како се загади не сум го шетала.
Во Muppet kids, еве линк. https://muppetkids.com/products/copy-of-3-во-1-количка?_pos=3&_psq=проо&_ss=e&_v=1.0
Jas planiram da kupam, seuste izleguvam denski iako e zagaden vozduhot iskreno poubavo mi e malku na sonce otkolku zatvorena megu 4 zidovi. A i kaj moite na posedok tamu e cist vozduhot ama poladno pa treba.
Не е за овде прашањето ама не знаев каде да прашам Дали сте порачувале нешто од Беби Онлине Шоп Мк баш вака е пишана страната на фб.
Нигде го нема мајка. Барав во тинекс, веро, рамстор, 5-6 дм продавници пројдов, џабе. Ако излезе негде обавезно ќе пишам, пиши ми и ти ако го најдеш.
Јас прашував за средството. Последно го видов во ДМ може пред месец дена и од тогаш го нема. До самата фабрика е проблемот во Фрош. Се случи исто и со сјајот за миење дури сега го донесоа. Ќе го донесат и ова за некое време но да го нема моментално никаде
Нас ова ни е ептен искористен додаток. Со толку мало бебе сигурно уште си на породилно, сигурно нема цела зима дома да ја поминете. Јас ја следам апликацијата за воздухот и кога е почисто обавезно шетаме колку и да е ладно. Обично после дожд, снег, ветер надвор е почисто. Сме шетале на Водно, други градови, годинава на 19 месеци бевме во друга држава на прилично ладна клима, да не беше вреќава ќе бевме полимитирани со движењето. Јас не купив скафандер додека не беше проодена, не гледав потреба дека ова ептен ни заврши работа.
Се решив да нарачам дека го возиме често во кола заради физикална. Полесно ми е да го однесам во вреќа до кола, пошто за во седиште секако го соблекувам од јакна/скафандер да е побезбедно. Со скафандер ми е тешко облечи соблечи. Плус со количка од паркинг до болница пак во кола ќе го ставам во вреќата и нема да трчаме до влезот со количката. Фала ти