Од каде порачувате колачиња запчиња? Гледам има некои по 150 денари, меѓутоа многу ми се скапи, а сакам повеќе да нарачам… исто да ве прашам дали сте сретнале некој да изработува посни?
За посни ќе се направи тесто посно, но за цртањето незнам што би се заменил ајсингот. Сигурно има нешто, не сум прочепкала. Јас иначе почнав со ова да се занимавам, скоро почнав. 60ден ми е колаче, marbon_cookies сум на инстаграм. Дека сум со мало бебе, не ја ширам сеуште странава. Плус се дополнувам со материјали за цртање, моделирање полека...Но се надевам понатаму да ја проширам. Немам сеуште изработки од запче, па да ти покажев...
Нешто разгледав, има рецепти веган со corn syrup или агаве или со течноста од варен наут. Ама па незнам како би одело сушењето, дали баш ќе биде како со обичен ројал ајсинг..
Ти благодарам што пиша, најдов една госпоѓа од ПП, мое колаче, она ги прави со фондан кој е посен, ми наплати 1700 за 34 колачиња што е супер, 50 денари колаче
Кој продава Прајмарк шпикозни освен Тајни Бејби на фб? Презадоволна сум, нит се пуфкаат, нит се смалуваат во сушара, презадоволна сум и сакам да земам за 9-12 месеци
И јас сум заинтересирана кој продава шпикозни од Примарк, исто презадоволна сум. Иначе следи кога ќе има попусти од Некст, јас му земав 4 пара шпикозни од таму на попуст за Black Friday за 1200 денари што е иста цена како од Tiny Baby Shop. И тие се преубави.
Фала ви Свекрва ми оди во пензија од наредна година, па од тогаш ќе се активирам повеќе. Сега имам нарачки од блиски, прифаќам колку што ми е можноста а и таман да се опремам со разни алатки.. моментално само со кесички за ројал ајсинг сум само
Да имаат инста профил, таму видов дека има попуст. За фејсбук немам проверено искрено дали имаат профил. Колку што знам немаат онлјан сајт за нарачки за Македонија.