Не знам што точно бараш. Јас земав боди 50ки. Како блузички и дуксери од Тритекс исто 50ки. Веројатно ги знаеш. Мене за зима ми требаа, зимските се малку подебели материјали, летните потенки. Исто долни пантолони од тритекс и како со ногавички и се што наоѓав. Од пролетни, летни колекции, потенки има и како хеланки. Од оние како 5 делни комплети, бенкица, пантолони, капа, ракавици и лигавче исто имав 50ки. Од локални продавници. Можеби и во Ваикики би имало нешто? Макар што проверив на најмалите што ми се зачувани од Ваикики е 56ка бројот. Не се сеќавам ни дали имало помали. Додуша на моево дете од нешто над 2кг, се изгледаше огромно барем месец дена ама поминавме и така.
Боди од тритекс имам најмали да. Јас нешто сакав како за од болница шпикозни, комплетче нешто. Барем едно да имам да не биди како во вреќа Баш гледав од првава ќерка најмалите сите ми се 56ки. Не беше додуша ситно бебе, околу 3200кг ама сепак големко и беше, и ај реков сега барем еден комплет да имам 50ка. А боди и од Ваикики мислам купив.