Да во зегин ја има, оваа големата е околу 1000 ден, малата моја е 6 месеци имаме 2 запчиња,, и постојано неа си ја глода, за нас е ефикасна мила
Ако убаво гледам адидас се? Ако да, ако одам до сити мол, можам да ѕирнам во адидас сторот. Во спорт вижн секако ги немаше винендов.
Да адидас се. Ги бараме за во градинка. Спорт вижн и спорт м ( во тој во рамстор мол) ги нема. Ако случајно си таму и не ти е проблем види, да не мкнам деца за џабе до таму. Тенку.
Бев во Просветно дело и земав една што сама ја најдов. Побарав од персоналот да ми понунат и други да видам и рекоа само таа била. Читај: не им се работеше. Крајно неуслужливи. А да имаше поубава и поскапа ќе ја земев. Фала во секој случај
Што да кажам, сешто и секакви луѓе има. Јас кога барав сама си прочепкав по куповите и најдов само две. А после недела дена имаше и во форма на куќичка, и со дебели корици, и голема од сјајна хартија и мали 2 различни и ретро... Ама и тие сама си ги најдов. Ќе ти излезе и тебе некој сега откако си купила сигурно
Адидас немам видено. Има слични на Nike вакви во Sport Vision. Баш ги ставив како линк во некоја друга тема пред малку.
Тие што ги стави се ланскиот модел на најк, ги изнаноси и веке му се мали. Овогодинешните се друг модел и он не ги сака, а од ланскиот нема броеви т.е останати се само малечки. Односно бројот нас што ни треба останати се само виолетови, па изгледа со такви ке шета.
Мојот лани такви носеше затоа ги ставив. Годинава купивме слични на Champion (сам ги одбра) па не знам дали има или не од тие на Nike. Жал ми е што не помогнав.
Иренка, случајно барајќи по страната на спорт вижн најдов лански модели на најк сандалчиња. Да ѕирнеш дали има бројче? Прашав и во с.вижн пред малку - рекоа така ги продаваат. Се надевам ќе најдеш бројче вака.