Не знам каде да го поставам прашањето па овде ми се виде соодветно. Каде може да најдам канта за пелени, гледав на нет има некои специјални за пелени мислам во дм ама во друга земја беше, дали ги има кај нас? Или каде би можела да побарам?
Каде да најдам замена за трослојната перница на Дормео? На таква спие син ми, ама ја нема веќе а треба да му купам нова.
Здраво, каде можам да најдам огради за вакво креветче, несакам да биде многу наполнета да има повеќе место за бебчето.. имам едно полнето е и добро ама ми зафаќа простор. Дали имате искуство со сунгерасто и од каде?
Девојки ај ако може некоја да ми прати слика како изгледаат оние марамчиња за бришење бебе што треба да се наводенат, што се користат место влажни. Ги барав во дм ама изгледа немаше . И од кои влажни за бебе сте задоволни што да земам? Исто не знам кој памперс да го земам дали памперс премиум или оној на бејби лов? Секој совет е добредојден
Влажни пробав Виолета, Слипи од Зегин и Бејбилов, немаше никаква реакција. Најчесто Слипи земам, ама кога ќе начекам акција купувам и од другиве. Само гледај да се 99% вода. Пелени Слипи користиме, исто никаква реакција немало до сега.
Јас се распрашував за памперси исто и поќето ми рекоа памперс премиум. Да земам помало паковање да видам дсли ќе му одговараат па фоколку се добри ќе продолжам со нив.
Овие сестрами ги користеше за пеленска регија и јас купив. За лице на почетокот со физиолошки и газички мали, после со овие и лице.
Ќе земам и јас, овие се тие што може да се навлажнат со вода така? На лице секако мислев со газа на почетокот, после ќе видиме.
Јас имам ваква кадичка, ја купивме од енци менци. Уште не ни е пробана, ама делува во ред, особено ме купи то што се собира и не зафаќа многу простор.