Фала кукле, да така направив. Цело време ги гледав на страната, ама бројот што ми треба имаше само виолетово со зелено. И нели дека машко па ај не. Ама пошто дечкото не прифака други и се одра од плачење по продавници кога му облекував да пробува, се нанервирав и он лаин си ги нарачав тие, виолетови, нека си оди со такви. Му ги покажав на слика, вика ауууу многу се убави, ке ги носиш, рече да, па ке видиме.
Нема врска што ќе бидат виолетови, најбитно е на детето да му се погодени. Мене многу ме нервира ова со боите, поделбата на машки и женски. Стереотипите за жал, тешко се искоренуваат.
Јас ич не гледам бои. Си викав ај не, да не го зезаат во градинка. Ама па кога не се договоривме за некои други, му ги нарачав. Бар знам ептен му се удобни. Плус малечки се, околу 3 год, валда сеуште немаат формирано стереотипи за бои.
@irena.1 Дали може точно има не моделот на најк сандалчињата. Многу ме бендисаа гледав на нет сите исти ми се
Мислам овие се. https://www.sportvision.mk/obuvki/5883399-sunray-protect-td Јас видов од @Elenche87 и си порачав покуса да не сум
Да тие се кукла линкот што го ставила. Само ланси модел се овие па нема многу избор на бројчиња. Зависи вас кој ви требаат, грото се останати до 19 и над 28.
Голем избор има во Аутлетот што е на надворешната страна во Ситимол, Мегаспорт. Е сега нз со броеви како се...
@kukla21 @irena.1 Фала многу. Мислам дека 17 ќе ни се точни многу мала нога има. Ама ќе проверам прво да не ги има в продавница ми е страв некако од нет да не згрешам број за неа
Потера по ланскиве најк испадна пред една недела, јас кога барав, во тој на трета македонска видов два пара црни и едни плави малецки, ама ич не загледав точно кое бројче се.
Предлог книга за трудници? Или нешто како дневник во кој ке запишувате работи за бебенцето..Каде да најдам во Битола? Нешто интересно..книга дневник прирачник..било што..за поклон ми е. Фала Ви