Најдов таму, нарачав и ќе ми пратат во сабота по комбе, таман да имам време да ги исперам и да ги спремам девојките за во недела Таман 40 дена прават точно во недела
Мило ми е ако помогнав да се живи и здрави душичките, со здравје да си ги носат и убави велигденски слики да си направите
Што да купам од прибор за јадење и готвење? Какво тенџерче? Садови дали силиконски и од каде? Каква чашка?
Дали некоја има од вас електрична пумпа за измолзување од Локо Кроко да ми каже како е задоволна? Или препорачајте ми некоја. Моево цица ама некогаш губи континуитет во цицањето почнува да се успива на града, па педијатар ми препорача да молзам по 20-30 мл и да и давам од шише кога ќе заспива така на града без да трга континуирано. Не знам каква да земам гледав во Локо Кроко не беа скапи ама дали бркаат работа
Тие од Локо Кроко ги фалат мајкиве имаат земено за дома што се молземе на Гак .Јас земав на Медела задоволна сум ама нема потреба од скапа пумпа може ќе почне да цица бебе. Земи си добри се и добра цена.
Ти благодарам. Не сакам да давам пари за скапа затоа што цица но има дел од денот кога станува мрзлива на града, почнува да голта па престанува па треба да ја потсетувам цело време. Ми треба за во такви моменти да измолзам и да и дадам. Мислам дека и поефтина ќе ми брка работа затоа прашувам дали има некој искуство со тие од Локо Кроко
Има да и во јамбо и во babycentar баш оваа на free on горе што ви јс пратиле мене за лето ептен ми беа практични
Каде да најдам подлога за играње, од овие што се собираат/диплат? И од овие меките, ама да се со убав дезен?
И јас таква земав од Бубамара. Како си задоволна? Убава е, ама мене некако страв ми е да не си ја удира главата. Кога се врти секогаш му ја придржувам да не тресне. Се мислам уште една да земам, па да ја ставам врз оваа
Јас од Ело имам земено мека, како јорганче е. Само помала е. Ваква, само друг дезен. Ама тоа додека беше ептен бебе, после ко почна да лази кај можеш да го допазиш.