Уште не лази, ама се врти. А го гледам не знае уште главата полека да си ја спушти. Вакво не ми врши работа, мало е.
Друга ваква мека кај нас немам сретнато. Сите други подлоги се само да се каже дека имаш нешто шарено наместено, ако немаш тепих испод се лупа директ на паркет. А да му наместиш јорган?
Јас ја земав големата и свиткана ми е на дупло зошто и така немам место за цела да ја отворам засега додека си седиме во дневна повеќе
Здраво, не знам дали е соодветно во темава, но дали ваква кутија за храна е замена за термос? Засега складирам храна во пластични чинии со капак, во фрижидер. Ама сакам да имам некоја посигурна варијанта за летово, пример да треба да патуваме и да можам да носам ручек за бебето без да се расипе.
Не е одговор на твоето прашање, но кога сме патувале зимам од оние торбите алуминиумски внатре што се што оддржуваат температура и не сум имала проблем. Додуша не сме патувале некои ептен долги релации повеќе од 4-5 часа, а и не сум носела храна која лесно се расипува
Фала! Имам и јас таква торба ама сакав нешто покомпактно, пример ако е оваа кутија добра, можам да ја ставам во која било чанта или ранец.
Не знам за колкаво дете/бебе би се работело јас во лето не ризикував и носев најчесто готови каши/оброци. За со домашни каши ми беше страв. Види и ваков тип како овие во Карес https://kares.mk/product-category/on-the-go/togo-hrana-i-pijaloci/za-prenos-na-hrana/page/2 Сега веќе јаде исто што и ние.
Како горе тие, во Galaxy Toys има. Три величини имаат, баш скоро зимав 150цм на 180цм. 890ден. Има и поголемо, 990 беше мислам.. а помалото е 790 мислам.
Сакам да купам подарок за бебе на најдобра другарка. Има се од реквизити, така што отпаѓа да е 1 поголема работа, па ќе земам повеќе помали работи. Што би ми предложиле да е убаво, можеби персонализирано, може да е и за понатаму да го користи… Бебе е сега месец дена, женско
Персонализирано ранче, чешел, подлога за играње, перница за доење ако дои, подлога за пресоблекување, вреќа за спиење, кутија за спомени, радосница…
Јас правам како пакетче од повеќе практични работи што ќе ги искористат во моментот или понатаму. Стаклено шише, цуцла лажливка, силиконски лажички за хранење, тропалка, тетра пеленка, држач за цуцла, памучно бебешко капче, тенка летна прекривка..
Kupi mu nekoi shushkavni knigi, crno beli, tropalki, nekoja podloga za igranje, nekoe igrace sto sviri tie sekako ke gi iskoristi i plus nesto letna obleka. Mozes i prozektor so prispivni pesni
Јас искрено цуцла, шише, влажни, козметика не би купувала. Можеби нема да и се погодат, може користи друг тип, секое бебе и мајка се различни. Можеш да и земеш некое ќебенце, вреќичка за спиење, пешкир, некое музичко мече, играчки како шушкава книга или мека тропалка, лигарки, тетра пелени и подолги и помали, капичка сега за на лето со заштитен фактор.
Во право си. Нас ни донесоа на подарок шише и цуцли на Нук, бебе каква фаца направи кога ја проба цуцлата, само што не поврати. И шишето не го прифати. Користиме Авент само. Радосница, подлога за играње, некое точаче, баланс бајк, тротинет, масичка и столче... Овие кога ќе потпорасне ќе си ги користи.
@MariaBouli нашата е 200х150 см. Место имам и целата ми е отворена, затоа и земав голема, бебе се врти цело време, да има место. Ќе си пробам јас со две една врз друга
- Голем избор на маички по кратки за девојче и момче 8г? Последно бев во Синсеј и Ваикики и немаше избор како инаку, односно скоро ништо немаше - Облека, играчки итн со Роблокс?