На сметката треба да пишува до кога можеш да го вратиш, бар така ми објаснуваше таа на каса, земав еднаш пижами и тие можело да се вратат не знам за колку дена, другово у суштина за 30. Ама не ги враќав па не погледнав дали пишува.
Јас си направив сама. Фротирка си завиткав како палачинка и ја ставив во навлака од перница. Колку сакаш си го стеснуваш хаха кај мене функционираше топ
Здраво мајки, мислење за креветчето ? Намалени се во енци менци па се двоумам деновиве да го земам. Ако имате некаде слични за поефтина цена споделете. Ми се допаѓа ова оти не е со патент страната па попрактично е за користење за навечер.
Јас имам од енци менци на чико слично креветче, со патент е но супер ми се најде, уште спие во него уште малку 5 месеци ќе прави. Нас спалната ни е помала и ми требаше нешто помало за почеток, искрено јас сум стварно задоволна иако ептен се мислев дали да земам такво зошто мал период се користат.
И јас тоа се мислам ама па ионака ние кратко ќе сме Македонија па можи подобро е вакво да земам. Помалце простор фаќа а имам и дрвено креветче од золва ми, така да дефинитивно ќе си го земам ова. Можи да се патува со него, е сега не знам во авион како ќе го внесам и дали ќе треба да доплатам за него како багаж
Во кутија беше нашето спакувано па не би знаела како би можела да го пренесеш ама секако ќе ти користи па и да ти остане тука.
Majki zdravo Pochnuvam so kupuvanje na obleka, pa mi treba sovet. Sakam da kupam bodinja od Sinsay. Dali imate kupeno, dali se dobri? Ili da mi dadete predlog od kade
Бодињата не им се добри ич. Шпикозни имам еден куп од таму, добри се за спиење со оглед на тоа што се евтини и брзо ги надраснуваат. Имам и други парчиња, хеланки, фустанчиња, фармерчиња, кошулчиња ок е се, ама бодињата им се стварно за нигде. Јас бодиња земав со ок цена од H&М и сум многу задоволна.
Јас го земав креветчето истото е.Супер е не зафаќа место многу ,лесно се монтира.да има торба и се пакува целото креветче во торбата.Можеш и да си го переш платното во машина ,јас го исправ и брзо се исуши .