Знам дека многу не се задоволни од синсеј, ама јас тоа што сум купила сум презадоволна. Бодиња за бебе секогаш перам на 90, без разлика каква боја се, освен апликацијата што распукува (што на се се случува на таа температура), бојата и самиот материјал немал проблем. Со оглед дека првата година ништо не сум користела повеќе од 3 месеца, задоволна сум од се.
Минатиот викенд и овој перам и пеглам спремам за бебка … купив доста ствари од синсеј искрено во споредба со другите ми се многу слични … имам картерс, вајкики, тритекс, зара, силви, h&m, мајорал итн. Едино можам да приметам дека ми се смалија повеќе од другите во машина за сушење земи си поголемки 62чиња за почеток. Многу брзо растат првите два месеци така да за цената топ ќе и бидат а и слатки се моделчиња
Последниот роденден се што собра е од Синсеј, додуша и ние купуваме не дека не. Освен што на пример сите што ги собра се 98ка големина и споредбено едно со друго се физички различни, за квалитет ми се Ок. Боди и купив на прерамки, пакување од 5, ептен ми се допаѓаат. Досега немав од Синсеј користено. Хеланки купуваме често затоа што лом се прави низ паркови и во градинка. Што се појавило дупче, што флека што не излегува полесно ми е ако треба да фрлам нешто што ме коштало 100-200 денари отколку 1000-2000. За летово бидејќи планирам одвикнување од памперси сигурно ќе земеме и куп куси од таму. За нешто што ќе го перам повеќе пати во неделата, па и не вреди многу пари да давам.
Во h&m материјалот е од органски памук, помеки се алиштата. И не е само квалитетот во прашање туку и како е изработен тој памук
го користи ли некој блендеров, го немам садот ако некој го продава или знае каде да го купам, колку што разбравсамо во него може да се стоплува и одмрзнува
Долни бодиња од Некст памукот им е предобар. Следни Х&М па Зара. И Примарк се добри. На Синсеј бебешките не се ок.
Мајки каде има од оние пелените т.е што се ставаат преку пелена како мушама се? Сеуште за спиење носиме пелена па таа и ја ставам преку да не и пропушти да се направи лом додека спие. Лани купив од стружанка, ќе идам утре да проверам дали имаат ама да не знаете и на друго место каде има.
Барај пелени за пливање. Може ќе најдеш во некоја продавница. Јас имам од Lana Baby пред 6год, а сега од тему си нарачав. Внатре се некој памук, од надвор шушкави. Ама ако сакаш да упие, мора некој материјал внатре. Или класична пелена одоздола, ама зошто ти е оваа одозгора тогаш? Јас ги купував за на одмор, ако се покака само во вода случајно.
Оваа ја што ја имам е цела шушкава и внатре и надвор. И ја ставам пошто навечер доста мочка и обична пелена и пропушта и се прави утоп цела и сред нок треба да ја пресоблакам од глава до пети, а оваа шушкавава кога ќе и ја ставам преку обична пелена не пропушта сува и е облеката насабајле
И мене истово ме интересира... само да не е над 10.000ден. Гледам во бебе хом малку претерале Макс до 10 би дала. И јас Q play ги гледав онлајн и убаво ми изгледаат. Исто сакав да прашам и за киндеркрафт...? Вака убави ми се на слика, со убави гумени тркала...