Кај да најдам бебешка гума за во вода? Од тие само ноџињата што влагаат во вода. И некоја голема подлога за на песок
Во Жито имаш едни подлоги водотпорни (едната страна како мушама), како торба се собираат. Јас имам 2 такви душа им извадив. Убава е голема башка. А гума имаш низ продавнициве како: Џамбо, Меркур, Галакси (за играчки), Аџико... Секаде каде се продаваат работи такви. Мене најубава ми е Интекс, убаво да влегува бебе како во дубак... Оние што имаат рамно и дупки се нестабилни, ќе ти се превртува. Ваква сум користела за сите 3ца, најубава ми е
Едно нестручно прашање бебе од 3месеци може да влезе во гумиве бебешки без да ми се преврти или во рака да ја внесеме прв пат во море се спремамееее њодвај чекам на средина на септември да се шлапнеме заедно
Шанса нема Јас со пријатели бев кои имаа бебе од 4м, бебето цело ќе го снемаше ако го ставеа. Мојава доста пропаѓаше што е и големка, на 10м Можеш и нешто вакво да земеш... мислам и со покривчиња има. Нема доле ова отвор. Ама па нема да е јако сонцето во септ, ќе ти заврши и вакво работа.
Еј да ова е супер идеја може да си лежи во ова мојава пошто не седи уште таман да не и е страв од водата одма убаво е за навикнување внатре ќе и натопам ноџиња рачиња прво
Далеку ти е Автокоманда? И во Галакси тоис имаа и подлоги и гуми, све. Има и Маџари мислам Галакси. Јавувај се прво, да не одиш џабе... Каде бараше?
Јас оваа ја купив. Ја нема кај нас, мене од Германија ми ја донесоа, ама ја има и во Грција. За бебиња од 3 месеци до 4 години. Околу 30 евра ја платив. Ја немаме пробано сеуште, ама делува практична