Здраво мајки од каде да купам плиќ ќебе, термин ми е 08.19 па ми е мисла дали ми треба, сите прекривки што ги имам купено се тенки
Искрено не сум видела мн оддамна некој да изнесува бебе со плик. Купи си кебенца и вреќичка најубаво. Овде имаш преубави ќебенца за избор https://www.instagram.com/lunaknit_mk?igsh=MWtlZWZsM3RmOTIyZg==
Јорганчиња имаше во Тила https://tilla.mk/e-pos/products/jorgan-plik-vrekja-za-novorodencinja-24913-5-0-1g
Јас имав плик за во корпата од количката го користев, многу ретко пошто не сакаше да се вози ама и за дома го ставав кога преспиваше. Од Тила си нарачав, има убави дезени а после може да се користи како јорганче. Која цена се кај нас шпикозните што се комплет по 4 и бодињата од Некст? Земав од Космос 38-39 евра шпикозните, ефтинко а преубав памук.
Тука негде се цените, нема некоја воочлива разлика барем на бодињата што сум гледала. Дури мислам Некст кај нас има повеќе избор на бебешка облека до 12 месеци што е од тој во Космос. Во Космос само шпикозни и бодиња, едвај еден комплет блуза и хеланки најдов.
За машки немаше ништо освен шпикозни и бодиња . Помалечки се броевите? Кнап му се 6-9 шпикозни во должина, или па мојов е ептен долг. Бодињата се ок, таман.
Кај нив нема фиксни цм на бодињата и шпикозните пример 6-9 месеци се 68 до 74цм, е сеа тоа се 6цм разлика ќе има период да му висат, па точни па кнап. Иначе и кај нас е исто, во мај купив 6-9 шпикозни, сеа земав 9-12, едните кнап другите бааги слободни. Кај бодињата не се осеќа толку. А х&м 74ка уште и се големи
Каде да барам бело свечено фустанче како за крштевка, ама мало бројче 56/62, нема ни 2 месеци да има бебенцето тогаш. Секаде каде што прашав за 3-6 месеци имаа само.
Дали провери во Окаиди? Помали се калапите таму. https://www.okaidi.com.mk/fustani/265096-fustan Од ова нема број онлајн, во продавница за секој случај да провериш.
@LiquidLuna видов дека имате креветче од Мебел Мак,како си задоволна добар е квалитетот ,и дали тие ја прават монтажата?
Да Задоволна сум, имам замерка во однос на фиоките ако сакаш лп ќе ти објаснам повеќе, т.е. да пробам да објаснам Да, они ја прават монтажата, вклучена у цена е.
https://www.encimenci.com.mk/fustan-bebi-chicco-02500322030000 Вака нешто? Или во детски бутици локални да побараш како комплети во кутија што се, како за земање од болница ги даваат најчесто. Има и со фустанчиња, не најдов слики на интернет ама бар во градов има по детските бутици. Edit: и во овој бутик пиши му Може имаат модели. Во Битола се имам земано интересни работи за ќерка.