Многу типови кутии видов во пантер мис пред две недели. Не знам за што ти треба наменски ама имаше многу типови големини дезени со капаци од најмали до најголеми
Каде да најдам тенка есенска јакничка за двомесечно бебе? Се што гледав почнува од 3-6. И всушност, дали би ми требала или за толку мало бебе е доволно да е покриено при шетање во количка?
Подобро скафандерче за толки мало бебе, не дека нешто многу по ладното ќе го шеташ, ама има крзнени скафандери, не многу дебели, да разгледаш.
Немам искуство со нив. Најмногу од К-К имаме користено. Мислам @Bubce38 ја имам читано за Атипас дека користат
За толку малечко бебенце подобро земи си од оние мечестите целосни ептен топлат ги има во h&m ги гледав во Diamond mall преубави
Фала ви многу за препораките. Баш денес отидов до h&m и купив од тие мечестите. Преубавоо е, едвај чекам да залади да му го облечам.
Еве го, 1300 ден беше. Јас 62ка земав дека моево е ситно, 2,5 кг се роди и сега на месец ипол тек почнува да носи 56ки.
Дали може да ми препорачате страни што изработуваат дрвени работи за подарок за новороденче, пример кутија со името или график со податоци.