Па не баш, земи си класични топлинки. Само едно тенко материјалче е, нема ништо внатре. Моето ги носеше надвор со дебели чорапи. Тој период не дозволуваше ништо друго да има на нога.
Ќерка ми првата година носеше од К-К проодувалките, како чизмички со крзно внатре. Јас и ги зедов повеќе за да и е топло наутро до градинка кога ја носевме, а и на суво си ги носеше цела зима. Во снег и слично не ги пробавме, немавме ни можност. Ова околу година кога беше. Овој модел ни е испробан https://k-k.mk/product/bebeshki-zimski-patiki-so-lepenki-zima-1 Гледам и опција barefoot имаат сега. Топлинки исто од К-К имаме, со такви е цело време во градинка, само и менувам поотворен или затворен модел. Не сум зела од тие што пишува поларен материјал, ми личи дека ќе име прежешко. Во градинка, не сме пробале ама голем дел од децата носат Gezer, овде и во локалните продавници ги има и во Локо Кроко. И тие ми личат како од подебел материјал да се. Исто имаме и Doss, српски, за дома, од Мат Стар ми се земени. Не ги носи дете често и немам некое големо искуство. Види и на топлинки.мк, повеќе членки имаат пишано дека се задоволни од моделите.
Убави звучни сликовници од каде сте земале и класични сликовници со кратки реченици? Просветно дело имаат буквално преведувани сликовници со огромни зборови, на Топер звучните се со ужасни звуци.
Звучни во животов не најдов, одвратни се. Имаше на времето во Просветно еден како таблет со сликовница за животни. Испушташе звуци, па имаше да се стиска за погодување на животното. Ептен добар, го чувам во некоја кутија за малово, само којзнае дали уште го има, пред 6 години беше ова. Исто од Просветно имам земано вакви мали, не се ништо посебно, ама за бебе се ок. Во Сакам книги има убави сликовници од Ване Костуранов мислам беа. Девојче и мече конкретно, многу кратки реченици, малку текст, ама сепак мислам дека е се уште мала за таков тип. Од него и Месечевото дете е таков тип. Невидливата куќа очи исцедив од плачење на таа книга. А ќе речеш просто напишана, кратка. А да и овие се уште ги има во Просветно, супер се за бебе
Да се надоврзам на прашањето. Од тоа што гледав Story box имаат убави, сакам да сподели некој искуство ако има некоја од овие. https://storybox.mk/knigi-za-bebinja-i-mali-deca
Од К&К видов преубави. Од таму сакам да и земам. Или оние како доле гумирани, нагоре како чорапа што се. Амааа мојава има да ги соблече за 15 секунди.
Убави се овие и на Unconditional ама сакам на македонски зашто ги читаме. Најдов на Тримакс некои ќе видам баш какви се. @thinkerbell Јас имаме Девојче и мече одма и ја купив кога се роди, одамна си ја гледав.
Од колку месеци се занимавате со вакви сликовници? Ние имаме скоро 4 месеци и мислам рано е, ама да се спремам полека
Здраво, каде можам да најдам вреќа за спиење со ногавици за 3 години девојче.. никако несака покриена да спие :/
Здраво, Каде да најдам стегачи за глава (како венчиња што се) и тенки капчиња за новороденче? Барав во Стружанка, во локален бутик, во Ваикики и Цивил во Дајмонд, никаде не најдов, секаде имаше само за поголеми девојчиња.