И јас лани во септември и земав од кај нив баш ќе им пишам дали имаат нешто останато Ми требаат до четврток најдоцна нема да стигнат а преубави моделчиња има ги видов
Од каде сте купувале подлога за на под? Од тие што се на расклопување, како пластифицирани што изгледаат. Не знам дали Тему е безбедна опција, а најдов таму Досега не сум нарачувала работи за бебе... На Нама исто најдов, ама и тие се кинески, не знам дали би биле побезбедни/поразлични од тие од Тему
Од Тему немам нарачувано, ама во право си, веројатно се истите. Имам земано од повеќе места и дефинитивно од Локо Кроко сум најзадоволна. Најдебели и најиздржливи се покажаа. Најдолго ги користиме. Од Нама два пати земав, првата беше супер, втората не. Од Лео играчки на фб беше со најлош квалитет, за една недела ја тргнав. Се се познаваше на неа, кај сме ја фатиле, кај била допрена со мебел, прстен и сл... И од Киндерлино една имав земено, таа е така-така. Кај нас мачките партал ги прават со ноктите, па затоа ми се максимално истестирани и често менувани
Имам од Нама 3+ години, не е мрдната. Тек тук некоја гребнатинка ама воопшто не е некое големо оштетување. Е сега не знам со каков квалитет се. Нашата е стара што се вика. Исто од Локо Кроко. Таа ни е за надвор за во двор. За разлика од првата веќе има и поголеми оштетувања ама пак не можам надворешни и внатрешни услови да споредувам. Цело лето на 40+ степени се "печеше" таа надвор. Во Локо Кроко ја зедов на пола цена од таа во Нама.
Прво имавме една од Galaxy Toys што издржа отприлика една година, а сега случајно видов дека донеле во Дим Маркет и земав, изгледа квалитетно и подебела е од другата што ја имавме.
Да прашам за први април маски за бебушка од 7ипол месеци кај да најдам? Не сум од скопје па нешто онлајн да нарачам... може малце касно ми текна ама тоа е
Незнаев кај да пишам па еве овде .. Подарувам две цуцли за шише Avent број 2 (само се отворени не се користени), babywell капки (неотворени до јули рок) и масло за теменица (користено само 2 пати). Подигнување од Скопје -Влае
Каде да најдам чисто црна или бела блуза на долги за малата 98 или поголем број зависи , за 1ви април ми треба