Во My store видов за бебиња, нај малечко бројче 70цм, не знам тоа дали би ти одговарало, има мн убави маски.
Што да купам за повојница? За мекици ќе купам можеби шпилхозни, но за кога ќе го видам сакам поубав подарок бидејќи ми се баш блиски.
Можеш да прашаш од опрема ако имаат некаква потреба. Проодувалка пример, трицикл, гардероба поголема за следна сезона или за следна зима. Зависи од буџет ако имаат двор, лулашка, куќарка или друга таква играчка. Ваучер, пари, се е тоа во опција. Јас се што ми донеле искористив, е сега најбеспотребни ми се синтетички играчки, на куп што ги собра дете, а ретко кога ги игра, еве 3+ години. Така да би рекла за тоа да не даваш пари.
Имам нарачано минатата година од Ами дизајн на фб, пре задоволна бев, гледам и годинава имаат интересни апликации, прашај ги нив.
Два пара златни обетки од чаршија , и двата ги изгуби за кратко време. после и земав уште еден пар сребрени и тие ги изгуби. последниве ги носи поголго време и ги купив во една продавница и злато и сребро имаат на главната пошта во Скопје не ми текнува како се вика до Диор
Беба е 3 месеци и сакам фустанче за Велигден предлог од каде може да се најди?Ако има страна или предлог за Прилеп, уште подобро