Од каде може да се најде постелнина за креветче? не знам дали се и со различни димензии постелнините? И што треба исто за во количка ?
Од каде имате земено фиокар? Сакам да почнам со опремување на собата за бебе, немам многу простор. Дали се практични оние како од икеа со 3 фиоки големи?
Јас имам од икеа оној со 7 фиоки, ама го земав кога малата беше 2ипол-3години. Како бебе користев мало шкафче со само 2 полици и сосема доволно беше. Ама од аспект на долгорочно користење, фиокарот се покажа одличен. Сега има 7 години и уште го користи.
Здраво. Дали знаете некоја шивачка да ми препорачте за бебешко фустанче? Или некоја продавница за свечено фустанче? За прв роденден ни треба. Гледам на инста доста шо работат со онлајн нарачки ама не знам квалитетот каков им е…
Од каде купувате Ergobaby носилки? Цело време ми излегуваше Oxymammy.mk , но сега приметив дека немаат никакви податоци за контакт и баш ми е недоверливо.
Каде да најдам наочари за сонце за бебе (8м)? Ги гледав Банз ама некако не ми се даваат 1600ден зашто мислам дека ќе ги вади и ќе ги треска од земја. Исто, каде да му најдам убаво квалитетно ранче за во градинка?
Ранчиња во просветно дело и офис плус. Јас во дм купував наочари за поголемиот, само ги прогубувавме, и сега кога пркна наеднаш сите се појавија. Не дека ги носел реално нешто посебно.