Каде да најдам/купам за најмалите?

Дискусија во 'Бебе' започната од Katerina2017, 7 јуни 2017.

  1. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    241
    Многу беше комплициран тој на чико што го имав, после свекрвата ми даде од сопругот кога бил бебе кенгур наједноставен и седеше во него, после другарка ми даде на кика бу исто едноставен кенгур и во него седеше... ги гледам на ерго бејби тие едноставни се embrace линијата мислам и сигурно ќе седи во тој
     
  2. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Пробај па купувај од искуство. Количката нова ја спакувавме. Скоро 8 месеци е, до денес не сака да се вози во таа количка. Од сестра ми ја земавме, стара е 10 години, во таа сака чат пат. Исто и за седиште во кола, скапо, вакво, такво, со се, дете нејќе да седи, во раце ја возиме. Кенгур имаме од локо кроко на кика бу, 3000 го плативме и е единствената работа што ја искористивме. Ама претходно ја ставав во еден друг колку да видам дали ќе сака, да не биде како со количката џабе парите, да знаев ич да не купувам. Затоа прво пробај, па ако сака купи поскапо. Сепак 250 евра за кенгур не се малку пари ако не го сака.
     
    На angelce23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    2.355
    Пол:
    Женски
    Ние го имаме овој кенгур и јас сум презадоволна. Душата му ја извадивме и кичма воопшто не ме боли.
    upload_2026-7-24_10-16-38.jpeg
     
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.222
    Допаѓања:
    12.199
    Споредбава мајко мила |( седиште за кола се купува само ново и квалитетно за да е безбедно во не дај боже случај, а не за да е фенси. И се фрла ако колата дури и без бебе доживува судир затоа што веќе нема механизам да го заштити детето.
    За во раце возењето постојат казни со причина. И дете се навикнува на седиште од новороденче, ќе плаче ама подобро да плаче и да стигне живо и здраво отколку некоја будала да искочи на пат па цело семејство траума и стрес.
     
    На mariz, Hygge-girl, Peperutce6 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Не ја разбирам потребата да се нафрлате ако некој има поинакво мислење и поинаку прави од тоа што вие мислите дека е добро и исправно. Кажав искуство. Извини што сум немајка и не знам детето како да го возам. Седиште имам, ново, од продавница и скапо (очигледно тоа е најважно и најголем репер дека е добро) со сите марифети е. Дете седнувам во него да го возам ама погоди што? Не сака, се дере, плаче, се тегне и не, не можам да ја оставам така за да се научи, зошто е мало бебе и освен што ќе липти ништо друго нема да постигнам. Пошто не сака ни кола ни количка седиме дома еве да не не мислиш дека траума ќе направиме. Ќе порасне, ќе разбира, ќе сака. На крај краева купи што сакаш, твои пари, твое дете, твои правила. Само не се напнувај за нас немајките.
     
  6. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    5.331
    Пол:
    Женски
    Мораш да пробаш пак и пак и пак. Има играчки што се закачуваат за да се занимава. Мојава многу плачеше, ама веќе се навикна. Порано не возев сама со неа па бев позади, а сега и кога сме заедно сме напред двајцата со мм. И пуштаме песнички да слуша, се играме пикабу, измислувам секакви глупости.
    Многу е побезбедно, и тоа е така со причина.
    Не мислам дека Ноеми сакаше да каже дека си немајка, ама навистина е во право за ова што го кажа, и не , не мора да е којзнае колку скапо.
     
    На Elly989, MeowMeow, Hygge-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Пробувам, секој пат. Многу пати сум пишувала и во други теми. Очајна сум, пукнав дома. Не е дека така сакам. Се надевам дека ете ќе потпорасне и ќе почне да сака да седи. Јас не можам да возам а она да плаче, страв ми е да не се зајде или не знам. Не викам дека не претерувам ама ете моментално не знам и не можам поинаку.
     
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.222
    Допаѓања:
    12.199
    Слободно верувај дека ќе седне во седиште на година две кога никогаш претходно не седнало. Каде ја држиш во раце кога ти возиш? На волан? Дете се вози во седиште свртено назад до 15 месеци со причина. Свесна си дека не си во право затоа толку скокаш, ама наместо тоа седни и почни по 5минути да го возиш зашто ти си родителот и твоја е одговорноста за неговата безбедност.
    Еднаш има плачено 30км до дома на 7 месеци мигрени добивме со маж ми и тоа јас позади бев ја анимирав, ама сега на 18 месеци знаеш колку време се возеше? 6 саати без да закенка. За плод треба труд. Како расте се учи дека каишите се откопчуваат кога колата ќе застане дека така е направена. Играчки, грицки, што и да е, се се пробува пред да се крене раце.
     
    На Ане., angel4444, jungle и 2 други им се допаѓа ова.
  9. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Ок.
     
  10. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    2.577
    Пол:
    Женски
    @hannybanny не знам колкаво е бебчето ама имај предвид дека може и да му се врти од возење :) јас сум била такво бебе, прво бебе, нова количка и сѐ, кога почнале да ме возат, вриштење. Кола исто.
    Ден денес ми е нелагодно некогаш кога се возам подолго, посебно па ако има кривини.
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    78.749
    Пол:
    Женски
    Ако сега ја научиш во раце, па ни понатаму нема да сака.. поголеми, уште поитри се. Најди начин, анимација, некои смоки да грицка, па дури и цртани да гледа... се само да не е во раце. Ваљда кратки релации возите низ град, сега со Сејф сити бар не шиба никој... Но на одмори не одите? Моево 3то од бебе не трпи возење многу и плаче (помала повеќе плачеше), ама се анимираме, паузираме, смоки сум давала да грицка, лижавче да лиже, цртани, песни, пееме сите, гледаме уморна да биде ако е долг пат за да спие повеќе од патот.. ама од седиште не ја вадам, особено ако е долга релација. Ти терај си како што мислиш дека е најдобро, само не советувај некој истото да го прави и не го кажувај тоа како да е најнормално.
     
    На Noemi и hannybanny им се допаѓа ова.
  12. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека моето е исправно, ниту советувам да прави некој како мене. Муабетот беше за поскапи работи дека се подобри, само реков да пробаат некоја поевтина варијанта па ако сака бебе да купат што мислат дека е најдобро и споделив дека ние купивме се нај нај и за џабе на крај.
    Детето секое качување во кола го ставам во седиште, после неколку минути почнува драмата. Не е дека не пробувам. Цртани не давам да гледа сепак е многу мала, смоки не сме пробале ама да, ќе идеме на одмор па нешто ќе мора да се прави, со надеж дека може ќе се изненадиме позитивно:D
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.384
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Скоро 8 месеци е. Количка навечер да ја шетаме почна да сака, преку ден се уште драми. За возењето во кола ќе пробуваме додека не засака и тоа. Јас сум тип на човек што верува дека работите ќе се средат и ќе биде се.
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    4.011
    Допаѓања:
    9.453
    Пол:
    Женски
    Ќе биде. Моето поголемо дете имаше една фаза на несакање во седиште од неколку месеци кога почнав на работа некаде. Заоѓаше, ама не можам да опишам како. Мислам јас сообраќајка ќе направев кога го слушав. И го држев во раце од тогаш, без мм не одевме никаде сами. Како пресечено едноставно почна да си седи после тоа. Ова знае да закенка и да се пролигави, ама особено на автопат не му попуштам. Сама кога го возам исто знае да проплаче, ама не е страшно. Му пеам, ова сака да му пееш и се смирува, првото беше почурук, со ништо не се занимаваше тој. Менуваат многу, јас верувам дека ќе засака да се вози, само упорно пробувај.
     
    Последна измена: 25 јули 2026
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    78.749
    Пол:
    Женски
    Јас немам прескапо седиште, кога сум бирала сум гледала да е безбедно.. но не и најскапо. Брендови, марки се плаќаат, а не дека поефтините не би биле добри... За тоа си во право. Инаку сакаш не сакаш, ќе го пуштиш Дарко Биберко и песни на македонски јазик :D (ние со тие сме по пат во фаза плачење кога е). Инаку таман е и за Лино смокички, па ќе ги топите и тие по пат или шмукалка силиконска со овошје (се што не е нели и ризик за задушување). Ќе најдеш начин, особено во странство и те како ќе оставиш да си поплаче.. за 400 евра, ќе си поплаче дете :worried:
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    1.345
    Не им се мисли добро на децата ако плачат па ај ќе го држам макар и 20 мин возење само да не зајдува во седиште, туку баш напротив.
    Подобро цртани ќе дадам отколку в раце да ми стои дете.
    И нема да се научат поголеми да седат ако никогаш не ни седеле.

    Коса ми се крева кога гледам дека деца држат во раце на предно седиште, или пак возам зад кола и деца мали рипаат на задни седишта..некој измислил нешто од безбедносни причини па убаво е да не се правиме поумни.
    Моето е скоро 19 месеци и сеуште го возам свртено кон назад, и сама го возам секој можен ден, и тоа плаче сака да излези, се трга и тоа не значи дека е крај на свет. Пробувам со сите можни играчки или предмети да се заигра понекогаш кога е плачлив и секогаш успева, само упорност треба.
     
    На Ане. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. steffy05

    steffy05 Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Од NEXT шпихозните колку се движат во Скопје знаете? Немаат онлајн страна да разгледам, а имам можност да нарачам од странство, таму се 3 за 30 евра, бодиња на ракав 5 за 35евра и сл.
    Ако не е голема разликата да не се мафтам со нарачки, чекање и сл.
     
  18. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Каде купувате патичиња за во вода број 20/21? Никако не сака по песок да оди, ниту да допре со нога
     
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.841
    Допаѓања:
    9.860
    Пол:
    Женски
    Првата година на плажа со камчиња бевме само неколку дена искрено не ми се даваа куп пари за 4-5 дена, па зедов од локална продавница за обувки некои гумени, 3-400 денари.
    Мислам и Базаро гледав дека имаше, ако сеуште се отворени продавниците.
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Да, и јас би купила некои поефтини од истата причина, што ќе ги носи 10 дена само, ама не сакав да оставам за таму да барам купувам.
    Фала, Ќе ѕирнам секако Базаро и во Џамбо може да има