Баш ќе пишам ако најдам. Во џамбо немаше. Уствари имаше едни убави ама 1 немаше. Ќе видам по поголемиве маркети.
Мајки од аеродром каде да најдам летни пижами за три годишно дете. Да бидат пристојни, убави, памучни, а не многу скапи.
Има 3-4 дуќани во бисер што држат македонски производи да провериш таму. Ваикики исто е опција, и котон сега гледам и попуст има, ама за пижамки ич не сум погледнала дали држат.
Каде би можела да ги купам куклите од цртаниот Oddbods? Онлајн успеав да најдам во бубамараиграчки, но на лагер имаат само две бои, а мене ми требаат сите седум.
За некоја мама која сеуште нема идеја или бара фустанче за принцеза. Преубаво е љубов е. Од бутик Пиколини во Лисиче од 1 до 8 годинки цена 1390 ден. https://www.facebook.com/piccolinibutik/videos/2040162472663364/?type=3&theater
Бидејќи е крај на сезона за одмори, да сте виделе купаќи за девојчиња на попуст? Само гаќички или евентуално дводелни..?
дали има некаде од оние крпите фротирни мали пресирани што се отвораат кога ќе ги ставиш во топла вода? и колку им е цената?
Во Џамбо има пластична голема форма на школка и Атлантик има,дрвена до сега не сум видела.Сигурно некој што работи со дрво ќе ти направи,или да најдеш од палети па да ти направат поефтино би те чинело.
Видов во една продавница во Лептокарија, тука на пролаз што се наоѓа... врска немам како се викаше, само не прашав колку се, така ги загледав само...
фала ти многу! ќе ги побарам, кажи ми само за што е продавницата за полесно? за детски производи или пак за нешто друго?
Мајки можда прашувам глупости, ама да знам дали воопшто постои па да барам. Внуката ми бара "јеВов каВр" -жолта боја лакче . Ajде еднаш ја излакирав со мој лак, ама некако мала ми е многу да ја мачкам со лакови од сега а ептен се радува. Сум видела палети со сенки и кармини за деца, ама лак не. Постои вакво нешто да и изнакупам па да се лакираме без да му ја мислам?
Да само за играчки е, дај @Kitten нека ја објасни поубаво каде е, заборавив и кафичот како се вика што е до неа
Си требала да ѝ реплицираш на @M.B. за играчките Одбодс Ги прочитав муабетите наназад. Дуќанот во автокоманда се вика Галаксија, одма до кафичот Аристократ до полицијата. А во лептокарија незнам за кој дуќан се работи