Дрвените се за жал сите за над годинка, па и повеќе. Инаку има во крш, теа колорс, па и бебе хоум мислам дека гледав
Јас земав со мрежа од Зегин ама ич не ги бива, чудни се некако. Силиконските мене ми личат на подобри.
ох, не знаев си мислев онаква пирамида да и купам со прстени.. мала е уште за тоа? ги зедовме денес коцките и топчиња од гума од Софи жирафата што се, ама не е нешто многу воодушевена освен некој да ѝ ги тркала или фрла)
На таа возраст синко најмногу играше со платнени книгички или некоја тропалка. Евентуално некоја музичка играчка.
Каде можам да најдам голема плишана играчка - Мина. Порано ги имаше во џамбо, ама вчера барав и не најдов. Зборам за Битола. Дали ја има во скопското џамбо? И ја ветив на внука ми за роденден ама не можам да најдам. Ја имаше во грчкото џамбо, ама си реков ај да не ја влечкам од таму сигурно ја има и кај нас и сега ништо од ветеното.
Бејби нова шишиња каде наоѓате? Ми ги донесоа на поклон и бебињава нив ги сакаат а не можам да најдам нигде.
@kostarika во еурофарм. Јас од бејби нова земав и рачна пумпа за одмолзување 490 денари многу ми се најде. Се погоди Мислам само еурофарм ги држат.
Мајки на девојчиња ,едно прашање Ќе бидеме кумови па треба,да дотераме едно мало девојченце. Каде купувате убави и штосни фустанчиња ? Вака што гледав ништо не ми фаќа око или многу свечени или многу обични. Ако може совет кај да барам