Јас му земав дормео, трослојна е, па се регулира според потреби. Али не ни спие на неа, чисто ради креветот да биде комплетен
Јас повеќето ги гледам дека купуваат од локо кроко. Ама не знам околу квалитет како се, распрашај се и на други места
Реално, до 3 години не имни треба паерниче, зборував и со ортопед за ова. А од лично искуство еве мојава има 4 год. има ваква анатомска перница, но спие на неа само пола саат додека да заспие цврсто, после тоа цела ноќ е на страна или под јастукот, на рамно. Имало во Рамстор донесено на акција по 300 ден, побрзај додека има избор провери си. Јас земав минатата сезона, истите ги имаше и пролетта. @eli25 види во Агротехна, но би те советувала да не се замараш премногу, првите точачиња се краткорочни, таму после 4-5 години ќе му купиш квалитетно точаче кое вистински ќе го вози.
@eli25 Овај од енци-менци. Две другарки го имаат презадоволни се. Плус е чадор систем. Лесен за склопување и го бери во багажник. Јас добив за роденденот на малата трицикл, инаку ќе го купев овај.
https://www.encimenci.com.mk/tricikl-prime-t560-blue-qplay-t56002 Јас овој го бендисав, најцврст ми се виде од сите, плус има најубава стреа ^^купи плав да имаат дечковци и тоа исто
Верувала ил не , овој го меркав Само се мислев тоа долу торбето, собира ли нешто? Плус и 10 посто попуст ќе дадат, не оти е многу ама се лажеш
Па плитко е, ама не дека не можеш да ставиш нешто, таман е. Уште не ни е нешто возен, сега кога ќе подзалади ќе се пуштиме во погон ^дубак имаат различен ^летна количка имаат различна