Ти благодарам! Тој на Леска го чекам да се врати на мени. Барам нешто што ќе ми врши работа во меѓувреме, така да би го пробала и Луна ако е убав.
Тој на Луна е исто како да јадеш од оној евтиниот крем од Кам, не што нема вкус на фстак, на нема вкус ни на крем..
@Luminary И мене лично не ми се допадна Луната. Тоа всушност e само 13% крем од ф'стаци измешан во обичен крем. Преблаг, измешан, никаков вкус кој дефинитивно не вреди за тие пари.
@Annath @нина122 @Polyincognito Благодарам девојки! Изгледа најпаметно ќе ми е сама да си направам, најдов еден рецепт, не изгледа тешко, па ќе видиме.
Каде да го најдам путеров од кикирики, да не сте го виделе? Го зимав претходно во ДМ, ама сега го нема…
Каде во скопјево ги има тие продавници? И дали можеби во маркетиве можам да ги најдам? Исто ме интересира како се подготвува. Го пробав најслучајно и многу ми се бендиса па сега сакам сама да си направам дома
Мислам има една кај државна болница, на Партизанска, а види и во Тинекс, Рамстор и Зегин хелти фуд (види во таа во ГТЦ што е ). За приготвување мислам ден пред тоа мора да го ставиш во вода да кисне, утредента таа вода ја фрлаш, па го вариш во нова вода. После тоа со сварениот можеш исто како со снегулките, да додаваш овошје, мед и слично. Ова го имам читано негде од поодамна.
Ако се движиш низ Кисела Вода, има една продавница за вакви работи кај фитнес клубот Гладијатор. Јас до сега го немам киснато, само сум го мијам низ млаз вода малку и одма го варам, како пченица или булгур. Можеш со што сакаш да го мешаш, да си правиш и солени и благи комбинации.
Го има и во поголемите маркети, одамна немам купено за да ти кажам точно во кој, но сигурно од маркет сум купувала. Овај конкретно: За подготовка јас не го киснам, само го варам околу 45 минути, ќе видиш и сама кога ќе распука зрното.
Ахааа, не ми текна на нив. Се прашувам дали по состав и нутритивна вредност се добри, мислев тие коцките дека не се баш најздрави.
@MissChievous Пример за овие што најдов на нет, претпоставувам и другите коцки се по состав горе-долу слични. Не знам колку е се здраво, но доста се практични. Ако имаш време за готвење, има рецепти и како домашни коцки да си приготвиме. Има и онака на Гугл (има и македонски), а има и по Јутуб, српски знам имам гледано https://iportal.mk/zdravje/recept-za-domashna-kocka-za-supa/