Каде да најдам ваков сад за печење? Но мал, за едно лице да е, баш како на сликите, не голема верзија.
Малку поголема од оваа торта каде можам да најдам? Или било која слаткара може по избор големина на торта да направи?
Леле, кај ти текна на овие. Бисквити со шеќер одозгора, си ги јадев порано Не сум ги видела мнооогу одамна
@Anika55 Ми живеат rent-free во главата Општо ги сакам сите производи на Ulker и Eti, ама вакви со кои пораснав ми се особено омилени и стално ми текнува на нив По маркетите често ги гледам зелените т.е солената верзија, ама овие никако. И по трафиките често гледам таков тип на поретки производи, ама на овие никако да налетам
Да не сте ги виделе во некоја слаткара чоколадниве глуфчиња? Пред некоја година се продаваа во слаткара во Радишани и одев специјално до таму да си купувам, но ја затворија и не ги видов никаде повеќе, а баш ме потсеќаат на детство
Ги нема. До пред некое време ги имаше во венера слаткарата во центар (спроти горки) но лани кога барав последен пат рекоа дека не прават благи веќе. Не сум поминала сеа скоро да видам
Лелее, во ве микс има глуфчиња? Знам отприлика каде е ако е истото, кај што беше порано А1 ТВ. Ако е тоа идам одма утре. Фала ептен