Не отидов уште, зошто ми е далеку, чекам прилика натака да отидам за да купам. Или да се јавам да прашам достава дали имаат за повеќе порачани
Да и мене ми е ептен далеку па реков да не одам за џабе. А може да ми кажеш каде е потпчно? Сум поминувала од таму ама немам забележано
На торти сигурно вршат достава. Јас за родендени купувам од кај нив. Последно знам дека ја наплаќаат доставата така да зошто да не ти донесат.
@awkey @Konstrakta Кај мостот близнаци во Ново Лисиче, па ќе поминете кај Годи, па ќе се појавите на "Перо Наков" улицата, се оди се право, таму е и Електрометал, и тоа ќе поминете па се доаѓа до мала ко пруга, па пак се право, после Гиго трејд вртите десно па лево и има бензиска, на неколку метри од лева страна е Ве микс.
Дали се осеќа дека е 'фстак? Може ли слика за кој станува збор? Јас земав на витаминка ама врска си нема, обичен крем само бојата зелена.
Од Леска Крафт на инста нарачај си, таман сега го објавија менито за путери од ф'стаци, побрзај, оти ќе ги снема.
Препорачувам и јас. Баш вчера објавија мени, веќе нарачав. Подобро 5000 пати него овие по маркети. Домашно произведено, без додатни хемикалии, шеќери и сл глупости. Пеце е закон!
Членката побара крем, а меѓу путер и крем има доста разлика. Крем се знае дека не е 100% од фстаци, туку и шеќер, млеко итн. Можеби и таа не се изразила убаво.